Актуелно

Без лиценца, нема транспорт

Превозот на патниот сообраќај се врши со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедноста на патиштата и посебно технички екплотациони услови за одделните видови на превоз. Домашен превозник може да врши превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај врз основа на лиценца

Доколку вршите превоз со транспортно возило потребно ви е да добиете лиценца за самото возило кое учествува во сообраќајот. Ќе ви наведеме кои се основните документи кои треба да ги поседувате за да добиете лиценца за возило:

  • Барање за издавање на лиценца;
  • Копија од решението за упис во централниот регистар со приоритетна дејност/главна приходна шифра превоз на патници и стока како и тековна состојба не постара од 60 дена.
  • Доказ дека е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за одделни видови превози или да има договор за лизинг

Доказ: фотокопии од сообраќајните дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата, заверени на нотар.

  • Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко експлотациони услови за моторните возила наменети за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај (издадена од станиците за технички преглед на моторните возила).
  • Потврда дека има вработено во редовен работен однос возачи (минимум еден еден возач по возило).

Доказ: копии од обрасците М1/М2 и потврда од ФПИО за платени придонеси за секој вработен поединечно или потврда поврзана со список на обврзници од правниот субјект не постара од 90 дена.

  • Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на фирмата, односно на овластеното лице одговорно за превоз кое е во редовен работен однос кај превозникот.
  • Потврда од надлежен суд- Кривично одделение – дека против правното лице не се води кривична постапка и не е изречена кривична правосилна пресуда, не постара од 60 дена.
  • Потврда од надлежен суд – Кривично одделение – дека против управителот на правното лице не се води кривична постапка и не му е изречена кривична правосилна пресуда, не постара од 60 дена.
  • Потврда од надлежен суд – Суд за прекршоци – дека на правното лице не му е изречена мерка – Забрана за вршење на дејност, не постара од 60 дена.
  • Доказ дека има во сопственост капацитет за паркирање и одржување на возилата или договор заверен на нотар за обезбедено право на користење на таков капацитет за период од најмалку 4 години.

Доказ:

  • Договор за закуп со правно лице и акт за сопственост-имотен лист
  • Или друг акт за користење на просторот

Дополнително, за меѓународен патен превоз требаат и следните документи:

  • Доказ за располагање со сопствен капитал од најмалку 2000 евра во денарска противвредност по возило за превозниците кои поднесуваат барање за лиценца за превоз во меѓународниот јавен сообраќај

Како доказ за располагање со сопствен капитал превозникот приложува минимум еден од следните документи:

  • 1.Копија од билансот на состојбата која превозникот ја доставил до даночниот орган за претходната година заверен со печат од даночниот орган или
  • 2.имотен лист на недвижен имот, потврда од агенција за катастар дека недвижниот имот не е под хипотека, документ за извршена процена на недвижен имот или
  • Банкарска гаранција која гарантира за финансиската стабилност на превозникот за времетраењето на важноста на лиценцата.

Во случаи кога како доказ за располагање со сопствен капитал се приложува копија од билансот на состојбата, овој доказ превозникот е должен секоја година да го достави најдоцна до 30 април во тековната година за претходната година до орган надлежен за издавање на лиценци.

  • Копија од Сертификатот за учество на возачите за вршење на меѓународен превоз на патници или стока.