Изградени рекорден број облакодери
► Во светот во текот на ланската година се изградени 26 облакодери
Според извештајот на советот за висока градба и урбано станување CTBUH кој е непрофитната организација со седиште во Чикаго и 450.000 членови, ланската 2019-та година во светот се изградени рекорден број облакодери – дури 26. За споредба, претходната 2018-та беа изградени 18 зграда повисоки од 300 метри, колку што е дефиницијата за супервисоки згради. 2019-та воедно беше и шеста година по ред во која е изградена барем една зграда повисока од 500 метри, но и четврта по ред во која највисоката зграда е изградена во Кина. Тоа е Tianjin CTF деловно-станбениот центар висок 530 метри, кој има 97 ката и четири подземни нивоа, 80 лифта кои одат со брзина од 10 метри во секунда и располага со 266 станови и 356 хотелски соби. Кина инаку е светски предводник во изградбата на облакодери, а следат Соединетите Американски Држави, Обединетите Арапски Емирати, Малезија и Индија. Што се однесува до градовите, предводник е кинескиот Шенжен, а на второто место е Дубаи.