Германија

Камионите на гас без патарина до крајот на 2023-та

Сé уште не е решено, но овој предлог ќе ги израдува сите кои низ Германија транспортираат со камиони со еколошки погон на гас

Во одборот за промет во германскиот парламент веќе е поднесен предлог за продолжување на одлуката за неплаќање патарини за тешките товарни возила кои како погонско гориво користат гас (CNG или LNG). Според овој предлог тие би биле ослободени од патарина до 31 декември 2023 година. Ваквите возила Германија ги ослободи од патарини во 2018-та, но само за ланската и оваа година. Предлогот тоа да биде продолжено е општоприфатен како од транспортерите, така и од стручната јавност бидејќи реално гледано гасот засега е единствена погонска алтернатива на дизелското гориво.

Во Германија функционираат 836 CNG и 20 LNG станици за полнење.