Дакар 2019

Четврта победа на Николаев и 16-та за Kamaz

Годинешниот Дакар беше пократок отколку вообичаено, но повеќето натпреварувачи се согласуваат дека беше еден од најтешките

Таква беше и битката во камионска конкуренција што ја водеа тимовите на Kamaz и Iveco, која заврши во корист на Русите меѓу кои Едуард Николаев и Димитри Сотников ги освоија првите две места додека зад нив се пласираа Герард де Роој и Фредерико Вилјагра на Iveco. И покрај победата во Kamaz почувствуваа горчина бидејќи Андреј Каргинов беше дисквалификуван заради „блиска средба“ со невнимателен гледач, додека Ајрат Мардеев се откажа заради дефект на моторот. Од друга страна во Iveco и покрај потешкотиите што ги имаа можат да бидат задоволни бидејќи сите четири камиони им завршија меѓу првите десет. Ваквиот расплет на настаните овозможи је и послабите да дојдат до израз, па меѓу најдобрите беше и Терухито Сугавара со Hino. Неговиот татко пак, најстариот учесник на релито, 78-годишниот Јошимаса Сугавара исто така со Hino, се откажа но најави дека наредната година ќе биде подобар. Овој неуморен Јапонец учествува на Дакар непрекинато од 1983 година и 5 пати го има освоено второто место.