Внимателно низ Белгија
► Дали знаевте дека на камионите над 7,5 тони во Белгија им е забрането престигнување кога врне дожд?
Некои знаат, но не ја почитуваат забраната затоа што во такви услови е тешко да ги фати тамошната полиција. Тоа го знаат и властите и затоа решија да инсталираат систем на автоматски камери кој ќе ги следи непослушните возачи на камиони и ќе им ги испраќа казните на домашна адреса. Секоја камера ќе биде опремена со, така да го наречеме дождомер, кој ќе ја активира кога ќе врне. Овој систем ќе биде направен и користен специјално за оваа намена, со што се очекува драматично да порасне бројот на издадени казни за овој прекршок, кој сега изнесува околу 500 годишно. Тоа што „брзи“ на дожд најчесто се странците нема да ги спаси, барем не возачите од земјите од Европската Унија. Казната за овој прекршок изнесува 230 евра.