ЕУ

Новите ознаки на пневматиците задолжителни и за камионите

Пневматиците од 1 мај 2021 година попрецизно ќе се одбележуваат

Новите ознаки кои европскиот парламент неодамна ги одобри не само што ќе им обезбедат повеќе информации на потрошувачите, туку ќе бидат и повидливи, што ќе им овозможи избор на енергетски поефикасни модели. Она што е посебно важно е дека новите ознаки ќе станат задолжителни и за пневматиците за тешки товарните возила кои моментално не се опфатени со ваквите прописи. Ознаките би требало да ги земат предвид параметрите како што се ефикасноста при потрошувачката на гориво, прилепувањето на мокра подлога и нивото на бучава за да можат купувачите да ги изберат оние што се посигурни, поекономични и потивки. Пневматиците, главно заради отпорот на тркалање, учествуваат со 20 до 30% од потрошувачката на гориво во возилата. Како што соопшти европскиот парламент, новиот систем може да помогне за намалување на емисиите на CO₂ и до 10 милиони тони годишно. Ознаките кои ќе бидат со променет изглед исто така ќе содржат и симболи кои го прикажуваат прилепувањето на снежни и замрзнати патишта. Уредбата на европскиот парламент предвидува и нови параметри – километражата и трошењето на пневматиците, кои ќе бидат воведени штом одговарачки начини за нивно мерење ќе станат достапни.