За поголема доверба во безбедноста на возилата
На некои возила во Велика Британија ќе бидат забранети гуми постари од десет години
Грижата за безбедноста во сообраќајот што властите во Велика Британија ја спроведуваат доведе до низа закони и правила кои ги нема во другите земји – најновото е дека на некои возила ќе бидат забранети гуми постари од десет години. Ова правило ќе стапи на сила во февруари и се однесува на гумите на управувачките оски на камионите и автобусите. Дополнително, возачите ќе мораат да го означат датумот на монтирањето на гумите, а ознаката за тоа мора да биде видлива и очувана. Со ова се сака да се постигне и возачите на камионите и автобусите, како и патниците, да имаат поголема доверба во безбедноста на возилата.