Избор на ван и пикап на годината

Доминација на Ford

Ford по втор пат ги освојува двете звучни титули, и тоа повторно со Transit Custom и Ranger

Во изборот за меѓународен ван на 2020 година учествуваа дури 12 кандидати, кои после првиот круг на гласање беа сведени на шест – во потесниот избор влегоа Fiat Ducato, Ford Transit Custom Hybrid, Ford Transit EcoBlue Hybrid, Iveco Daily, Renault Master и Volkswagen T6.1. Во една вака силна конкуренција, Ford апсолутно доминираше – не само што ја однесе победата, туку го освои и второто место. Со гласовите на жирито составено од 25 специјализирани новинари од исто току европски земји, Transit Custom Hybrid освои 97 поени, со 54 поени зад него се најде Transit EcoBlue Hybrid, додека Transporter T6.1 се пласираше на третото место. Жирито ги пофали низата електрифицирани погонски решенија што ги нудат хибридните гами на Transit Custom и Transit, развиени да ги намалат трошоците за гориво и емисиите на штетни гасови.

Истовремено, Ford Ranger ја освои титулата пикап на годината во жестока конкуренција која ја сочинуваа Mitsubishi L200, Nissan Navara, Renault Alaskan и Toyota Hilux. Тој освои 78 поена, за 6 повеќе од L200 кои им ги додели 18-членото меѓународно жири.