Импресивни во секој детаљ

Што ги прави Bomag валјаците за земја уникатни?

Сите градежни проекти имаат една заедничка работа – бараат подносливост на подлогата. Затоа сите валјаци за земја играат клучна улога во градежните процеси

Спецификациите на проектите се сепак многу различни. На пример, одреден изведувач кој работи блиску до објекти мора да користи различен метод на набивање за разлика од стандардното набивање при изградба на патишта. Bomag нуди широк спектар на валјаци за земја за секаков тип на работа. Од компактни и лесно управливи валјаци за градски средини до тешки и моќно модели за изградба на брани, со гладок или еж-бандаж или уникатниот полигонален бандаж, што во суштина значи дека изведувачите го имаат вистинскиот алат за секое градилиште. Со години Bomag е рангиран на местото број 1 на пазарот. Сепак, конструкторите на Bomag го прават најдоброто уште подобро со секоја нова генерација на валјаци.

Bomag предност: Работното место

Кога инжинерите на Bomag ја развиваа кабината на овие валјаци за земја ги имаа на ум потребите на ракувачите. Резултат на тоа се оптимални услови за прецизна и брза работа на градилиште.  Кабината има простран дизајн со одлична видливост на сите страни. Кога се работи подолго време, ергономското седење овозможува возење без напор. Управувачкиот волан е прилагодлив за секој ракувач, а визуелниот асистент на правецот овозможува лесно и прецизно набивање покрај креавите.

Bomag предност: Работен концепт – управување без напор за прецизна работа

Софистицираната технологија не мора да биде комплицирана – тоа е одлика која Bomag машините ја потврдуваат години и години, а најновата генерација валјаци за земја (тампон) не се исклучок. Bomag осигурува дека возачот со леснотија ќе има се под контрола! Без хиероглифи, без конфузија, без сложувалки: работниот концепт е само-објасноувачки со јасно поставени контроли. Јасните симболи ја идентификуваат функцијата и даваат брза информација за сите важни сигнали на машината. Дополнителниот Terrameter систем развиен од Bomag го подржува возачот на многу важен начин. Системот ја покражува набивната вредност дигитално во форма на графикон и укажува за крај на набивањето. Ова помага за избегнување на непотребни поминувања, што заштедува време и ја зголемува рентабилноста.

Bomag предност: Најнова генерација на мотори – можете да заштедите на паметен начин

Кумулативната сила на Bomag-овата иновација може да биде најдена во секој мотор. Најновата Tier 4 final генерација ги задоволува и највисоките регулативи на емисија на гасови. Паметниот EcoMode систем на контрола на моторот не само што заштедува до 30% од горивото, туку и произведува помала бука. Со дополнителниот ЕcoStop моторот автоматски се гаси по ордеден период на работа во место (лер). Ова исто така заштедува гориво и помало абење на деловите на моторот.

Bomag предност: Степен на искачување – без неуспеси на косини

Сигурноста е број 1 приоритет, а токму тоа Bomag валјаците го демонстрираат на големи косини. Осигуруваат контакт со подлогата дури и на екстремно нерамни површини и се вистински мајстори на искачувањето. Стандардната D-верзија веќе има процент на искачување дo 53%. На овој модел, мануелна контрола на пролизгувањето овозможува специфично прилагодување на условите на подлогата. Задните осовини се опремени со No-Spin диференцијал со автоматска блокажа од 100%. Ова значи континуирано возење напред, дури и ако едното тркало е во воздух. Системот на двојна пумпа кај H-верзијата го претвара моќта на моторот во тракција. Дури и косини од над 60% не се проблем.

Bomag предност: Лесен сервис – паметниот дизајн значи лесно одржување

Bomag-овиот сервисен концепт има јасна цел: помалку одржување, помалку застанувања и пониски трошоци. Во дизајнерски жаргон: елиминирање на непотребните сервисни точки и правејќи ги важните попристапни. На пример, ниту еден Bomag-oв валјак нема точки за подмачкување. Проверката на маслото, филтрите, местата за полнење и празнење се лесно достапни од земја. Или гумените бафери на бандажот можат да се заменат без вадење на рамката. „Лесен сервис“ е повеќе од само слоган, тоа е резултат на паметна технологија – важен дел од пристапот на Bomag при дизјанот.

Вкупни трошоци на сопственост (TCO): Тежини до 28 тони, но не се тешки на трошоци

Или поедноставно: има 4 фактори кои помагаат за намалување на трошоците:

  1. Иновативна технологија. Последната генерација мотори и погонската технологија овозможуваат ефикасни перформанси и заштеда на гориво
  2. Концептот на одржување. Подолги сервисни интервали и без подмачкување, значи помалку одржување, помалку застој – бидејќи времето е пари
  3. Едноставен работен концепт. Јасните команди и дизајн на кабината значи без скапи тренинзи
  4. Технологијата и системите на мерење, кои исто така придонесуваат за оптимизирање на работните процедури

Сé на сé, Bomag валјаците за земја се најдобар избор за вашата фирма и вашиот џеб.

модел тежина [t] работна ширина [mm] моќност [kW]
BW 145 4,5 1.426 55
BW 177 4 1.686 55
BW 197 7 1.900 55
BW 211 11 2.130 95
BW 212 12 2.130 95
BW 213 13 2.130 95/115
BW 214 14 2.130 95
BW 216 16 2.130 115
BW 219 19 2.130 150
BW 226 26 2.130 150