И Русите одат напред

GAZelle Next доби Еуро 6 мотор

Рускиот производител GAZ ја покажа најновата верзија на комбито GAZelle Next опремена со Еуро 6 мотор

Строгите еколошки стандарди одамна ги затворија вратите на Европа за многу руски возила. Меѓу нив беше и семејството GAZelle Next на групата GAZ, на кое сега европските пазари веќе му се достапни благодарејќи на 2-литарскиот дизел мотор од Volkswagen со 136 KS кој ги задоволува Еуро 6 нормите. Руската и германската компанија потпишаа договор за соработка лани летото и ова се првите конкретни резултати од него. Овој мотор ќе биде спарен со новата 6-степена трансмисија која е од сопствен развој. Конструктивно таа доста се разликува од досегашните менувачи на GAZ. Значително е подобрена и има ниски нивоа на бучава и вибрации. Освен во Европа, GAZ планира да го продава GAZelle Next со овој Еуро 6 мотор насекаде низ светот каде барањата за чистота на издувните гасови се построги.