И JCB во битка со пандемијата

Место кабини за багери, кутии за респиратори

► Британскиот JCB повторно ќе ги отвори своите погони, но во нив нема да произведува градежна механизација

Одговарајќи на националниот повик да се помогне во битката со пандемијата, JCB е подготвен повторно да започне со производството во една од своите осум фабрики кои беа затворени како резултат на кризата што ја предизвика коронавирусот. За таа цел компанијата веднаш ги мобилизираше своите истражувачки и инженерски тимови со цел да ги испитаат потенцијалните начини за помош. На првиот резултат од нивната работа не се чекаше долго – направен се прототипи на специјални челични куќишта за респиратори кои се испратени на одобрување за производство. Од JCB соопштија дека се подготвени да започнат со работа за неколку дена и дека можат да направат најмалку 10.000 вакви куќишта. На работниците кои ќе бидат ангажирани платите ќе им бидат исплатени целосно, додека на оние што ќе мора да седат дома им следува 80%. JCB во Британија вработува 6.500 луѓе.