Како изгледа патување со воз со 603 km/h (видео)

Maglev со 603 km/h поминува како низ магла

Тешко за опишување, очигледно и за доживување

Тврдењето од насловот не е симболично. Доказ е видеото снимено за време на возењето со рекордната брзина од 603 km/h во 2015 година. Таа е постигната со помош на систем за магнетна левитација кој користи линеарни мотори инсталирани близу шините. Создаденото магнетно поле предизвикува возот да биде издигнат до 10 сантиметри над пругата и исто така го придвижува, елиминирајќи го контактот и правејќи единствените отпори во возењето да бидат од воздухот.