Коронавирус

Единствена заштита на товарот

► Британската компанија TLX Cargo ја лансираше првата опрема за заштита на товарот од коронавирусот

Наменета за користење во авиотранспортот, TLX WEB15 заштитната опрема е направена од материјал кој го спречува продорот на вирусот. Се состои од два дела, капак и основа, кои се поврзани со помош на лента и материјал без шевови. Тоа е замислено така клиентите бидат сигурни дека товарот не дошол во контакт со вирусот и контејнерот се контаминирал, бидејќи не можат тоа да го да проверат. Специјалниот материјал е производ на компанијата Web Dynamics која има повеќе од дваесет години искуство во производството на материјали кои спречуваат продор на вируси. Овој водоотпорен материјал го спречува продорот на сите вируси со големина од 0,1-0,2 микрони, така што превозниците можат да бидат сигурни дека превезуваат товар под контролирани услови, без оглед на надворешното опкружување. Материјалот од кој е направена заштитната опрема ги помина тестовите спроведени од американската компанија Nelson Laboratories која е водечка лабораторија за тестирање на материјали и опрема кои спречуваат продор на вируси.