Кој ќе помине на црвено…

…ќе ја крка водата!

► Како измислено за кај нас

Локалните власти во еден кинески град дојдоа до генијално решение како да се справат со оние пешаци кои поминуваат на црвено – доколку нема да го почекаат семафорот кој им кажува дека е безбедно да поминат, ќе бидат испрскани со вода. Таа излегува од жолтите столбови покрај пешачките премини и во целост е безопасна – единственото нејзино влијание е психолошко. За сé да биде во целост со прописите, прво се обратува звучен систем кој ги информира пешаците кога е во ред да ја поминат улицата со зборовите: „Светлото сега е зелено. Ве молиме поминете ја улицата брзо и внимавајте на својата безбедност“. Втората порака, пак, им вели на пешаците да не тргнуваат прерано: „Ве молиме не преминувајте – ќе бидете испрскани со вода“. Трета порака нема – место неа, работат прскалките.