Вештачки полуостров
► Недостатокот на земјиште го присили малото кнежевство да се шири на морето
Кнежевството Монако одлучи да ја прошири својата територија со изградба на вештачки полуостров со површина од шест хектари. Работите започнаа лани есента со заштитната преграда долга 500 метри која се состои од 18 трапезоидни бетонски блокови поставени на 200 метри од брегот. Следеше насипување на 750.000 тони песок со се пополни просторот меѓу појасот и брегот, што се изврши со два товарни брода. За заштита на новиот полуостров се предвидени придушни комори на мембраните на ѕидот кои ќе ги апсорбираат морските бранови. При проектирањето е земено предвид и влијанието на климатски промени према различни сценарија кои би произлегле од евентуалниот пораст на морското ниво. Секој бетонски блок има површина 28×33 метри и висина од 26 метри, што е за 6 метри повеќе од длабочината на морето. Празен тежи 10.000 тони, а откако ќе биде оптоварен со баласт двојно повеќе. Целиот проект е изведен така да се вклопи во околината, да го почитува природното морско опкружување и да задоволи низа еколошки сертификати. На новиот полуостров ќе се смести луксузен еколошки кварт со 150 станови, подземна гаража, шеталиште покрај брегот, парк, јавни објекти и марина. Првите згради би требало да започнат да се градат во 2022 година, а работите да завршат во 2025-тата.
На ваков начин површината на Монако досега е проширена за повеќе од 40 хектари, што претставува една петина од вкупната површина на градот-држава.