Alfa Romeo камион

Најубавиот камион во светот…

…но за жал, постои само во компјутерот на талентираниот дизајнер Таеканг Ли

Alfa Romeo камион? Зошто да не! Италијанската марка некогаш и тоа го имаше во понудата, па зошто не и сега, ако не друго барем како лимитирана ексклузивна серија базирана на нешто од „куќата” – конкретно некој модел од Iveco. Иако минимална, ваквата шанса се појави како реакција на овие неверојатно добро обработени компјутерски идеи на талентираниот дизајнер Таеканг Ли. Но засега ќе уживаме во неспорната убавина на овој камион само на фотографии.