Новина во складирањето

Преклопливи брзи врати – флексибилни, безбедни и во боја

Со преклопливите брзи врати Hörmann ја дополнува постоечката програма на индустриски врати

Лидерот во продажба на индустриски врати Hörmann ја дополни својата програма со флексибилни преклопливи брзи врати, кај кои ролетната, наспроти вообичаените брзи врати, не се намотува туку преклопува. Поединечните нејзини сегменти се опремени со робусни поцинкувани челични профили за обезбедување од ветер. Големата брзина на отворање и затворање ја забрзуваат работата и намалуваат губитокот на топлина и провевот. Во понуда се три вида на врати за надворешна и внатрешна употреба, кои се разликуваат по своите изолациски својства и димензии. Вратите се отвораат и затвараат со помош на два ремена, кои во случај на оштетување се осигурани со уште два дополнителни ремена. Благодарејќи на овој патентиран систем практично се спречува паѓањето на вратата. Преклопливите брзи врати на Hörmann не бараат големо одржување, лесно се монтираат и поволни се при набавката, а можат да се испорачаат во пет стандардни и шест посебни бои.

Преклопливите брзи врати од типот F 6010 се предвидени за надворешна намена за отвори до 6×6 m и за температури меѓу +5 и +40 °C. Опционалните прозорци во ролетната овозможуваат продирање на светлост и поглед низ вратата. Како нивна варијанта Hörmann ги нуди F 6010 Iso со подобра топлотна изолација. Се отвораат со брзина до 1,0 m/s, а се затвораат со 0,5 m/s. Фоторешетката поставена во страничните водилки го надгледува просторот за затворање до висина од 2,5 m. Преклопливите брзи врати F 14005 се наменети за истиот температурен опсег и конципирани за посебно големи отвори со широчина до 14 и височина до 10 метри. И покрај таквите димензии, тие се отвораат и затвораат со брзина од 0,5 m/s. Како и F 6010 и F 6010 Iso, можат да издржат притисок на ветер од класа 3. Сите три типа можат да се порачаат и со засилени профили за обезбедување од ветер од класа 4. Вратите F 4010 Cold со широчина до 4 и максимална височина од 4,5 метри го заокружуваат асортиманот на преклопливи брзи врати на Hörmann. Наменети се за сите внатрешни подрачја во ладилниците со температури до -30° C. Тројно изолираната ролетна ги редуцира губитоците на ладноќа, како што тоа го чинат и брзината на отворање од 1,0 m/s и затворање од 0,5 m/s. Загреваните водилки се грижат за перманентна функционалност и стабилна работа на вратата.

Сите врати се опремени со патентирани флексибилни ремени од ПВЦ, кои од грубите контакти со вилушкар или камион ги штитат од оштетувања и застои во работата. При судар подната шина на ролетната се истиснува од ременот. После тоа сервисерот може без помош од страна и алат повторно да ја врати назад. Од технички причини F 14005 и F 4010 Cold се опремуваат со фотоќелии наместо фоторешетка. Обата система ги исполнуваат сигурносните услови пропишани со нормата DIN EN 13241-1.