Бактериите во служба на градежните материјали
► Во ова време на вируси, некој се занимава и со бактериите – во корист на човештвото
Како никогаш досега не се работело повеќе на подобрување на материјалите за градба. Сосема случајно во ова време на вируси, се работи за истражување на тоа како бактериите можат да се стават во служба на градежништвото. Имено, истражувањата на универзитетот во Колорадо покажаа извонредни резултати кога на комбинацијата на песок и хидрогел на база на желатин, претходно поставени во калапи со облик на цигла, им се додадени цијанобактериите со латински назив Synechococcus. Ним внатрешната структура на мешавината им послужила како „скалила“, по што продолжиле да растат апсорбирајќи го јагленород диоксидот од воздухот и создавајќи калциум карбонат во тој процес. При тоа се покажало дека подоцна хидрогелот се минерализирал во некој нов вид малтер, спојувајќи ги честичките на песокта и создавајќи цврсти цигли. Од досегашните испитувања е заклучено дека меѓу 9 и 14 отсто од бактериските колонии останале активни 30 дена после формирањето на циглата, под услов таа да се задржи во опкружување кое е погодно за споменатата бактерија, со соодветно ниво на влажност. Засега ова се смета како недостаток бидејќи циглите се најјаки дури откако потполно ќе се исушат, заради што истражувачите си поставија нов предизвик и работат на развој на микроби кои можат да преживеат во помалку влажни услови. Тие се надеваат дека оваа технологија ќе биде применета во употребата на градежни материјали кои ќе се подготвуваат на самото место за употреба. Тие веруваат дека ако новоформираната цигла се остави во калап со повеќе гел и песок, дека бактериите од неа ќе го „колонизираат“ преостанатиот материјал и се создадат уште една цигла. На крај на процесот, од една единствена „цигла-родител“ би се добиле до осум други.
Предност на градежните материјали направени од бактерии е и тоа што тие можат да придонесат и за намалување на емисиите на јаглен диоксид, бидејќи производството на цемент е еден од главните негови извори.