Норвешки радијатори Beha

Паметно и еколошко поприфатливо греење

Ако сте во дилема околу изборот на греење, секако погледнете го норвешките конвекторски радијатори Beha

Овие електрични и паметни радијатори се одлично решение за било какви објекти – станови, куќи, канцеларии, викендички, за греење или дополнително загревање. Сите модели на оваа 100-годишна компанија стандардно имаат вградено Wi-Fi и електроника која овозможува да се контролираат со помош на мобилен телефон, и тоа секоја соба посебно за секој ден. Напредниот термостат со прецизност од 0,2 °C овозможува рамномерна температура и помала потрошувачка на енергија. Лесно се вградуваат, не бараат никакво одржување, а сертификатите што ги имаат гарантираат заштита на електричната мрежа, дури и во влажни простории. Фабричката гаранција им изнесува 5 години, а на располагање се во повеќе изведби со различна моќност.