Претставена нова MAN Truck генерација

Бевме таму, очекувајте детален рапорт

► Спектакуларно, MAN во Билбао, Шпанија, ја покажа новата генерација камиони

Вистинска посластица за љубителите на германските камиони – после дваесет години MAN повторно ја обнови целата гама одеднаш. На неа некои работи се нови, некои познати од порано, а на некои сé уште ќе се чека. Колку да ве заинтересираме, главната измена се обновените кабини со унифициран дизајн и поголема практичност, која доаѓа и од тркалезното SmartSelect копче со кое се контролираат доста функции. Но тоа и не е сé – извештајот од Баскија детално ќе го подготвиме и ќе ве запознаеме со сите новости на новите MAN камиони.