Финишери со Bomag ДНК
Развиени и оптимизирани од инженери кои црпат искуства од пола вековна успешна работа финишерите на BOMAG преку доверливоста и ефикасноста обезбедуваат инвестиции кои се исплаќаат на долг рок
Изградбата на патишта е комплексна задача. Затоа секој BOMAG финишер е систематски дизајниран за ефикасност – без разлика на класата или верзијата на гасеници или тркала. Ова се однесува и на пониската потрошувачка на гориво, како и на брзата работна спремност и одличната пред-набиеност. Развиен и оптимизиран од инженери, кои црпат искуство од преку 50 години, особено во поглед на ефикасната изградба на патишта. Секоја машина излегува од фабрика со највисоко можно ниво на доверливост. Уште една причина, зошто избирајќи го BOMAG oсигурува инвестиција која се исплаќа на долг рок.
Што ги прави Bomag финишерите уникатни?
1. Magmalife Греење преку алуминиумски плочи
Високите температури се апсолутно критични при асфалтирањето, a брзината на греење не е прашање на магија, туку како резултат на креативен инженеринг насочен кон крајниот корисник. Magmalife системот на BOMAG го редефинира греењето на даските, со 3 пати побрзо загревање од конвенционалните системи.
Сите греачи се залиени во алуминиумска блок плоча. Благодарејќи на одличната спроводливост на алуминиумот, времето за загревање на плочите е значително пократко, така што финишерот и екипата се спремни за работа побрзо.
- Период на греење и еднаква дистрибуција на топлината за само 20 минути;
- Зголемена заштита од корозија;
- Мин. 2 години гаранција на алуминиумските плочи за греење;
- Едноставна интуитивна работа;
- Намалување на трошоците за работа.
2. Продолжетоци со брзи спојки
Брзо, едноставно, совршено: тоа претставува системот на брзи спојки на BOMAG. Паметен брз приклучок на даската, кој овозможува продолжетоците да се поврзат без комплицирани зашрафувања. Резултат: пократко време за припрема и значително намалување на трошоците.
- „Закачување” на продолжетоците со водилки;
- Користење на лизгачки спојки;
- Не е потребна латерална потпора;
- Најдобра можна флексибилност за сите должини на поставување.
3. Bomag Ecomode – Систем за заштеда на гориво
Со ECOMODE Системот, BOMAG го нуди најекономичниот финишер на пазарот. Со активниот менаџмент систем на работа на моторот и хидрауликата се заштедува до 20% гориво и значително се намалува буката, како и негативниот ефект врз околината.
- Контролираните брзини на моторот, заштедуваат гориво и обезбедуваат потивка работна атмосфера;
- Хидраулика контролирана према барањата. Точна моќност кога е потребна;
- Хидраулично контролирани перки, кои дополнително ја намалуваат потрошувачката и буката.
4. Најдолги и најтешки даски на пазарот
BOMAG финишерите се одликуваат со најтешките даски на пазарот (3.900 и 4.200 kg.), како и со најдолги плочи кои го рамнат асфалтот со должина од 400 mm. Искуството на BOMAG во технологијата на набивање, овозможи даските на финишерите да се карактеризираат со:
- Пред-набиеност на поставениот асфалт до скоро 95% (со само 1 тампер и вибрација). Не се потребни дополнителни 2 или 3 тампери, како и шипки за притисок, кои ги нудат конкурентите);
- Подобра рамност, поради долгите плочи и тежината;
- C.S. системот, не дозволува пропаѓање на даската или нерамност при чести застанувања.
5. Bomag Sideview System – Одличен преглед на сите страни
Патентираниот SideView систем на BOMAG, ја опфаќа целата работна конзола и седиштето во една варијабилна прилагодлива единица. Целата контролна кабина се поместува латерално лево или десно до макс. 60 cm. Со тоа, возачот се фокусира на најважните работи: оптимален преглед на краевите, бункерот, полжавите и даската.
Сите функции се достапни пред работникот, логично и ергономски наредени, без губење многу време за обука.