За височините под земја
Работата по рударските тунели е толку специфична што бара посебна опрема со која деликатните операции ќе се извршуваат безбедно, ефикасно и брзо. Paus TSL 853 е проектиран уважувајќи ги точно овие потреби
Рудникот „САСА“ кој функционира под патронат на „Линкс рисорсис“ работи под полна пареа. Тој како еден од најголемите рудници за олово, цинк и сребро во Европа, годишно произведува приближно 30.000 тони олово, 22.000 тони цинк и 400.000 унци сребро во концентрат. Овие бројки пред се сé должат на ефикасноста на ископот и примарната и секундарна обработкана рудата. А во тој дел користењето на современи машини и опрема претставува една од најзначајните предуслови.
Со цел зголемување на ефикасноста, одговорните во рудникот пред извесно време решија во производниот процес да вклучат и неколку зглобни платформи од типот Paus TSL 853 кои веднаш беа пратени во нивната природна работна средина, односно директно во рударските окна.
Paus TSL 853
Кога ги разгледуваме можностите на зглобната Skaler – платформа веднаш паѓа во очи дека говориме за повеќенаменска платформа специјализирана за изведба на работи во рударските окна. Тргнувајќи од оваа специфика воочуваме дека кај TSL 853 станува збор за зглобна машина која како погонски агрегат користи дизелски погон, и која во предниот дел има вграден ротирачка телескопска дигалка.
Поради прилагодување кон работа во тесните рударски тунели, од машината се бара да биде исклучително подвижна. Тоа е постигнато со релативно мала широчина од 190 cm, и секако, со големиот агол на вртење кој се должи на зглобното управување. Околу стабилното движење се грижи погонот на сите четири тркала со предна крута и со задна осцилациска оска. Во делот на мултифункционалноста ќе ја споменеме можноста телексопската платформа да биде изведена како натоварна лопата, натоварна кука, хидрауличен чекан, самоодни работна платформа или пак да има додаток кој е според специфичните потребите на корисникот.
Технички специфики
Како што кажавме погонската силина ја обезбедува линиски дизел од 71 КС. Него го испорачува DEUTZ што би требало да претставува доволна гаранција за доверливост и долговечност. Двата одвоени дела од носечката платформа се изработени од посебно цврст челик што резултира со вкупна тежина од округли 9.000 kg.
Погонот на двете оски и управувањето се изведени со ходростатски мотори а интересно е да се напомене дека иако моторот е сместен во задниот дел и двете оски можат да се оптеретат со по 5.400 kg. Вкупната должина на машината изнесува 560 cm со кабина чија највисока точка е поставена на 240 cm. И сега спецификите што оваа машина ја прават специјална за изведување на сложени подземни активности. Кога во неа е монтирана работна корпа со димензии (100 x140) cm, вкупната тежина од 300 kg може да биде подигната на максимална височина од 538 cm. Овде треба да се истакне дека носечкиот столб на телексопската дигалка, во однос на надолжната оска на машината, може да ротира по 900 во двата правци. Кога оваа можност ќе се искомбинира со променливиот надолжен нагиб се добива целосно слика за опсегот во кој може да работи машината.
Исто така, кога TSL 853 е опремена со работна Skaler – платформа, од која операторот може да раководи со командите за движење, па дури и да го активира или гаси погонскиот агрегат. За безбедносно оперирање, освен маханичките заштити на кабината, е обезбедено и адекватно LED осветлување.
Прегледот на машината ќе го завршиме со динамичките својства кои се разликуваат по тоа дали е активирана телескопската платформа или пак таа слободно се движи до работното место. Во првиот случај брзината на движење нанапред и наназад е ограничено на 6 км/ч додека во вториот таа изнесува максимални 18 км/ч.