Само во Кина

Нов надвозник за 43 часа (видео)

Кинезите кај нас градат автопат за кој ќе им требаат деценија-две, а дома, во Пекинг, направија нов надвозник за само 43 часа. Видеото покажува како на дело е употребена нова технологија за замена место класичната градба, за која според оптимистички проценки ќе требало барем два месеца. Тајната во успехот лежи во совршената координација на работниците при отстранувањето на стариот и поставувањето на новиот веќе изграден надвозник на местото, сé до неговото асфалтирање и бележење. За оваа операција се искористени вкупно 1.300 тони материјал. Импресивно, нема што!