Струјата ќе ја движи наредната кинеска офанзива на европскиот пазар

Електричната верзија на Maxus подготвена

Кинезите не можеа да ја освојат Европа со евтините возила, но тоа ќе го направат со електричните

Веќе е извесно – струјата ќе ја движи наредната кинеска офанзива на европскиот пазар, и тоа на сите фронтови. Некогаш британска, а сега во владение на големиот кинески концерн SAIC Motor, линијата доставни возила LDV Maxus веќе е подготвена за тоа. Големиот електричен ван со ознака EV80 има автономија од реални 170 до 200 km со едно полнење на батериите со капацитет од 56 kWh, за што требаат 2 до 2,5 часа со користење посебен приклучок. Товарниот обем на овој фургон изнесува 10,2 односно 11,5 кубни метри во повисоката верзија. Планирана е и изведба со шасија и кабина, предвидена за различни надградби. За погон е избран електромотор со силина од 100 kW и вртежен момент од 320 Nm. Носивоста му е меѓу 915 и 950 kg во зависности од верзијата. Цената во Велика Британија му изнесува високи 47.500 фунти, плус ДДВ. Возилото има гаранција од 3 години или 100.000 km, а батериите 5 години со истата максимална километража.