Технологија

Goodyear EM TRACK III – Во трага на животниот век на гумите за работни машини

Иновативниот програм за управување и преглед на употребливоста како и пратење на животниот век на гумите придонесува за намалување на оперативните рошоци

Напорите на Goodyear заедно со своите купувачи да помогне во оптимизирањето на инвестициите во гуми за тешката градежна и рударска механизација, веќе ги покажуваат првите резултати. Помошта вo намалувањето на вкупните трошоци на оперативниот процес, една е од главните предности кое го нуди новиот програм за водење на картотеките на гуми – EM Track III.

Goodyear EM Track III е иновативен комјутерски алат, во Windows опкружување, кој го употребуваат сите оние кои во Goodyear се бават со гумите OTR (Off The Road – гуми за теренска механизација во градежништвото и рударството), односно со гумите EM (Earth Mover – за померување на земјиште). Програмот бележи и овозможува увид во податоците поврзани со гумите. Помага во постигнување на максимален животен век на гумите, а воедно овозможува прогноза за нивната трајноста а со тоа и за планирање и пресметка на средствата.

Со помош на програмот EM Track III можеме гумите да ги следиме од колевка па се до гроб. Имено, во составот се бележат сите податоци кои се однесуваат на возниот парков, гумите и бандажите како и на сервисните податоци како што се контролните прегледи на притисокот во гумите. Освен тоа составот овозможува изработка на посеби извештаи кои ги вклучуваат претходните информации, и планирање на издржливоста на гумите. Тие извештаи му се достапни на крајниот корисник и стручњаците за OTR. Им овозможуваат делотворно и целно оддржување, а воедно помагаат при оптимизацијата на залихите на резервни гуми и на планирањето на средства за купување на нови.

При креирањето на нов кориснички профил во базата на податоци EM Track III се запишуваат сите информации за машините на корисникот, односно за возилата и за гумите, било да се монтирани или да се на залиха. Информациите за работните машини вклучуваат и податоци за гумите, како што се типот на монтираните гуми, начинот на употреба, брзината на возење, температурата, притисок на воздухот, конфигурација по оски и работни часови. Наведените податоци служат за изработка на програма за оддржување чија цел е оптимизација на секоја гума поединечно и со тоа намалување на вкупните трошоци на работењето, на најмала можна мера.

Визијата на Goodyear е да понуди висококвалитетни производи и иновативни решенија со чија помош на корисниците на гуми за работни машини би им помогнал да постигнат што пониски вкупни трошоци на работење и правовремено планирање на средства за купување на нови гуми. Goodyear им овозможува на своите купувачи, составот EM Track III да го опотребуваат на својата локација како интерен состав за управување со OTR гумите.