Транспорт

Дополнителни трговски клаузули

Главната причина за менување и дополнување на INCOTERMS во 1990 година и 2000-тата година, е желбата трговските термини да се приспособат на сé поголемата употреба на електронска размена на податоците (EDI-Electronic data interchange)

Кога договорените страни мораат да обезбедат разни документи ( како што се: фактури, документи потребни за царинење или документи како доказ за испорака на стоката, како и транспортни документи) се почитуваат веќе објаснетите клаузули. Посебни проблеми настануваат, кога продавачот мора да поднесе транспортен документ, особено коносман, кој често пати се користи во целта-продавање на стоката додека истата се превезува. Во овие случаи, многу е важно, при користење на електронската размена на податоци, да му се овозможи на купувачот таква законска положба која би ја имал, во случај да го има примено коносманот од продавачот.

Од таа причина во INCOTERMS-1990, покрај постојните, дополнети се следниве нови трговски термини:

– FCA FREE CARRIER – слободно на превозник (означено место). Според оваа клаузула, Продавачот ја исполнува својата обврска за испорака, кога ќе ја предаде стоката оцаринета за извоз, на чување кај превозникот, кој превозник го одредува купувачот во означеното место.

– CFR – COST AND FREIGHT – трошоци и возарина (означено упатно пристаниште). Според оваа транспортна клаузула, продавачот мора да ги плати трошоците и возарината, кои се неопходни стоката да се достави до одреденото пристаниште, но ризикот од загубата или оштетувањето на стоката,, како и дополнителните трошоци, кои би настанале после моментот, отакако стоката е испорачана на палубата на бродот се пренесуваат на купувачот.

– CFR – CARRIAGE PAID TO – превозот е платен до (означеното упатно место). Според оваа клаузула продавачот ја плаќа возарината за превоз на стоката, до означеното упатно место. Ризикот од загуба или оштетување на стоката, како и сите дополнителни трошоци, кои би настанале после моментот, откако стоката е испорачана на превозникот, се пренесуваат од продавачот на купувачот.

– CIP – CARRIAGE AND INSURANCE – превозот и осигурувањето се платени до (означеното упатно место). Според оваа клаузула продавачот ги има истите обврски како кај паритетот SRT, но со таа разлика што продавачот мора да го обезбеди осигурувањето против ризикот од загуба или оштетување на стоката на купувачот, за време на превозот. Продавачот договара осигурување и ја плаќа премијата за осигурување.

– DAF – DELIVERED AT FRONTIER – испорачано на граница (означеното место). Според оваа клаузула, продавачот ја исполнува својата обврска во врска со испораката, кога ќе ја стави стоката на располагање извозно оцаринета, на означената точка и место на границата но пред царинската линија на соседната земја.

– DES – DELIVERED EX SHIP – испорачано на Бродот (означено упатно пристаниште). Според оваа клаузула продавачот ја исполнува својата обврска за испорака, кога стоката ќе ја стави на располагање на купувачот, на палубата на бродот, увозно неоцаринета во означеното упатно пристаниште. Продавачот ги сноси сите ризици и трошоци во доставувањето на стоката во означеното пристаниште.

– DEQ – DELIVERED EX QUAS – испорачано на брегот (давачките платени). Според оваа клаузула, продавачот ја исполнува својата обврска за испорака,кога стоката ќе ја стави на располагање на купувачот на брегот, во означеното упатно пристаниште – увозно оцаринета. Продавачот ги сноси сите ризици и трошоци вклучувајќи ги и царинските, за испорака на стоката.

– DDU – DELIVERED DUTS UNPAID – испорачано, давачките не се платени (означено упатно место). Според оваа клаузула, продавачот ја исполнува својата обврска за испорака, кога стоката ќе ја стави на располагање на купувачот во означеното место во земјата, за која се врши увозот. Продавачот мора да ги сноси сите ризици и трошоци во врска со доставувањето на стоката, освен трошоците за извршување на царински и други увозни давачки.

– DDP – DELIVERED DUTS PAID – испорачано давачките платени (означено упатно место). Според оваа клаузула, продавачот ја исполнува својата обврска за испорака, кога стоката ќе ја стави на располагање на купувачот во означеното место во земјата, во која се врши увозот. Продавачот мора да ги сноси сите ризици и трошоци, вклучувајќи ги и царинските, за стоката која увозно е оцаринета.