За возење низ Лондон ќе се плаќа 300 фунти дневно…

Како Англичаните се справуваат со старите дизели кои загадуваат?

Во последно време доста е актуелно забранувањето на сообраќајот на возилата со стар дизел мотор низ европските градови

Лондон е еден од позагадените во Европа, но таму тие не се забрануваат – Англичаните со овој проблем се справуваат на поинаков начин. Борис Џонсон ја започна, а Садик Кан продолжи битката против како велат и двајцата „смртоносниот воздух во Лондон“ земајќи го за сојузник најсилното оружје – парите. Имено, веќе подолго време возењето низ строгиот центар на Лондон се наплатува, и тоа доста во зависност од типот на возилото и еколошките норми што ги исполнува неговиот мотор. Но предложените мерки на градоначалникот на Лондон ја надминуваат секоја логика, бидејќи според нив за влез во зоната на ултра ниски емисии камионите ќе плаќаат по 300 фунти дневно! Ова се однесува на возилата со Еуро 3 или пониски стандарди, додека на Еуро 4 и Еуро 5 камионите ќе им се наплаќа по 100 фунти. Исто така, ќе се прошири и зоната за која ќе се наплаќа, како и временскиот период – наместо во работните часови како сега, на 24 часа дневно 365 дена во годината.

Возењето низ Лондон и сега е скапо – возилата чии мотори не ги исполнуваат бензински Еуро 4 и дизелски Еуро 6 норми плаќаат по 12,50 фунти дневно. Примената на новата одлука треба да стапи на сила на 26 октомври 2020 година.