4-та димензија

Виртуелна реалност во живо

За со помош на 3-Д очила да се движиме низ виртуелна реалност, опкружувањето претходно треба вештачки да биде створено и сочувано на компјутер

Така беше досега, меѓутоа група научници кои се бават со изучување на виртуелната реалност на техничкиот универзитет во Виена разви нова метода со која се снима опкружувањето од кое во реално време се создава тридимензионален свет низ кој друго лице на некоја друга локација може слободно да се движи. Со оваа метода виртуелната реалност ќе добие сосема нови можности на примена, кои лесно можат да се замислат. На пример при спасувачки акции како стручна испомош на единиците на терен. Во такви и слични опасни ситуации, наместо човек снимката од која се создава виртуелната слика може да ја снима и далечински контролиран робот кој ќе го истражува подрачјето без спасувачите да ги загрозуваат своите животи. Друга можност за користење на оваа технологија е секаков вид обука – од пожарникарите кои со 3-Д очила можат да следат како нивните колеги се справуваат со реалните ситуации, до хирурзите, астронаутите… Секако, може да се користи и за комерцијални цели – на пример да разгледате куќа што сакате да ја купите или пак хотел што сакате да го резервирате.