40 Tenth Avenue

Динамична фасада која не ја блокира сончевата светлина

► Заради сé поголемиот број на висококатници кои некогаш се преблиску една до друга, често доаѓа до тоа тие да фрлаат сенка на околните објекти криејќи им ја сончевата светлина

Десеткатната деловна зграда наречена 40 Tenth Avenue е впечатлива новоградба на студиото Gang која со својата скулптурирана фасада на посетителите на блискиот парк не им го блокира сонцето. Прв пат проектот за неа развиен од Aurora Capital Associates и William Gottlieb Real Estate беше обелоденет уште во 2012 година како Solar Carve Tower, а со реализација се започна пред пар години. Зградата се наоѓа во областа Митпекинг во Њујорк на работ на Менхетн меѓу паркот Хајлајн и реката Хадсон, локацијата која обезбедува свеж воздух и поглед на реката и зеленило. Има деловен простор од 160.000 квадратни метри, дуќани на приземјето и тераса на покривот. Специфична е по својот единствен облик кој произлегува од геометриските односи меѓу дозволените форми и движењето на сончевите зраци. Извонредно застаклената фасада проектирана во однос на аглите под кои паѓа сончевата светлина ѝ дава единствен изглед и воедно одговара на движењето на сончевите зраци и обезбедува посетителите на соседниот парк и околните згради да не бидат во сенка или да им биде скриен погледот. Резултат е на истражувањето како архитектурата може да одговори на соларниот пристап и другите критериуми специфични за локацијата како би се добило позитивно влијание на опкружувањето.

Заради актуелниот проблем во Њујорк кој се однесува на недостаток на сончева светлина веројатно ќе има уште вакви проекти кои ќе се обидат да го ублажат. Слична интересна идеја доаѓа од фирмата NBBJ и нејзините кули кои ги минимизираат сенките што зградите ги фрлаат.