Allen Engineering AT14S

Мало, ама техничарче

Новиот вртлив страничен кипер на компанијата Allen Engineering има корпа која може да се сврти за 90 степени во било која насока


Мала фирма, мали производи но од голема помош – така најдобро би ги опишале продуктите на компанијата Allen Engineering од Арканзас, САД. Најновиот, вртливиот страничен кипер AT14S е типичен пример. Тој има корпа која може да се сврти за 90 степени во било која насока, што многукратно ја зголемува неговата употребливост. Се задвижува со гасеници со помош на Honda GX630 бензински мотор со 20 коњски сили, кој му овозможува максимална брзина од 10 километри на час и носивост од неверојатни 810 килограми. Самата машина тежи 700 килограми, широка е 84 сантиметри а има корпа од 0,4 кубни метри. Што повеќе да се каже?!

AEC_HR_020.587e82ee25d1d