American Road Patch

„Фластер“ за крпење на патиштата кој трае 10 години

Секако, ова не е решение за патиштата преполни дупки кои се во состојба на распаѓање и на кои ништо освен целосна реконструкција нема да им помогне

Локалните власти и претпријатијата задолжени за одржување на улиците и патиштата доста често посегаат по привремени поправки на коловозот крпејќи ги дупките со врел или ладен асфалт, но овие решенија се со краток век. Нивниот најголем непријател е водата, која штом ќе продре низ асфалтот ја враќа старата дупка која може да се појави и за само неколку дена. Компанијата American Road Patch има решение за овој проблем – таа разви производ кој го продолжува векот на траење на крпениците на патот. Дупката и понатаму мора да се наполни со асфалт, после што на тоа место се поставува еден вид „фластер“ на коловозот. Од оваа компанија тврдат дека тој делува како слој што не ја пропушта водата, со кој асфалтното полнење на дупката се задржува на своето место подолго време – дури и до 10 години. Примената на овие закрпи е доста едноставна. Работниците ја полнат дупката како и обично, го поставуваат „фластерот“ наопаку за да ја симнат заштитата од лепливата површина, го вртат и го лепат за подлогата. На температури под 21 °C потребно е да се загрее површината за подобро прилепување.