Ammann асфалтни бази

Некои нешта никогаш не се менуваат

Ammann производите ги обединуваат швајцарската прецизност и врвната германска технологија, што како резултат дава високонапредни машини и постројки без вистински предизвикувач во светот на изградбата на патишта

Ammann е присутен во индустријата на асфалтни бази повеќе од 100 години, многу пред доаѓањето на рециклираниот асфалт, континуираните миксери или постројките оптимизирани за транспорт. Има голема заслуга за подобрување на квалитетот на живот на луѓето и ефикасноста на бизнисот на компаниите во секоја земја. Но, како започна приказната?

Да се навратиме малку подлабоко во минатото. Почетокот на изградба на патишта досега до старите Римјани кои сакаа да бидат поврзани со Грците, Феникијците и Картагинците за да можат да тргуваат со нив. Нивни изум од тоа време е поплочувањето на патиштата за да можат производите со кои тргуваат да останат чисти. Многу подоцна, индустриската револуција доведе до зголемување на обемот на трговијата, а со тоа до сé поголеми потреби за подобри патишта. Неподносливите услови што ги предизвикуваа прашината и калта ги натера луѓето да пронаоѓаат нови решенија. Запишан во историјата но и во нашиот секојдневен живот дури и ден-денес остана Шкотланѓанецот МекАдам кој на почетокот на 19 век го осмисли првиот модерен пат покриен со релативно евтин материјал од земја и дробен камен.

Еден век подоцна, поточно во 1908 година, швајцарската компанија Ammann која дотогаш произведуваше земјоделски машини патентираше машина за изградба на макадамски патишта. Таа година беше пресвртница бидејќи во Франција се одржа првиот меѓународен конгрес за изградба на патиштата. На него своите замисли за иднината на патиштата ги претстави швајцарскиот доктор Ернест Гуљелминети, кој неколку години пред тоа на барање на принцот од Монако да најде решение за правливите улици во кнежевството искористи идеја од индонезиските болници каде дрвените подови биле прекриени со катран. Така настанаа првите асфалтни патишта покриени со смеса на катран, песок и чакал. Компанијата Ammann го следеше тој тренд од самиот почеток и со механизирањето на изградбата на патиштата создаде услови за залет на асфалтната револуција. За значењето на Ammann за развојот на оваа индустрија најдобро сведочи фактот дека триесет година подоцна, во 1938 година, Швајцарија имаше околу 8.000 km асфалтни патишта.

Сепак не течеше сé без проблеми. Швајцарците не располагаа со доволно цврст минерален агрегат кој беше еден од најважните состојки на асфалтот и мораа да го увезуваат. Плус на тоа катранот кој беше најдобар поврзувачки елемент при градбата на патишта имаше негативно влијание на здравјето и е со карценогена природа. Тоа траеше сé додека Хајнрих Еберил кој беше одговорен за патиштата во Цирих не дојде на идеја како да ги измеша домашниот минерален агрегат со катранот за да може тој без грижи да се употребува. Тој разви процес во кој мешавината на агрегат и катран беше долго изложена на топлина со што таа стана попогодна за користење и со силно намалено штетно влијание на здравјето. Еберил активно соработуваше со компанијата Ammann и заедно развија машина за положување на асфалт. Интересен факт е дека првата улица на која е поставен новиот тип на асфалт во местото Лангентал каде е седиштето на Ammann, многу години популарно се нарекуваше „Макадамски пат“.

Така сé започна. Јасно, развојот на изградба на патишта напредуваше постојано. Многу работи се сменија, но една остана иста – нераскинливата врска на компанијата Ammann со оваа дејност. Денешното мешање на фабрички асфалт се врши со најсовремени технологии во постројки кои се едноставни за употреба и доста ефикасни. Светски лидер во нивното производство е токму Ammann, чии најнови процеси на мешање ја зголемуваат продуктивноста и употребата на рециклиран асфалт, со тренд за намалување на емисиите на јагленород диоксид. Постојаноста што ја обезбедуваат асфалтните бази на оваа компанија е клучна за квалитетот на мешавината. Таа се обезбедува со беспрекорно полнење, просејување, загревање, сушење и мешање. Сите процеси и компоненти се внимателно развиени и конструирани да помогнат на интегрирањето на сите подвижни делови. Тајната за успехот на асфалтните бази на Ammann лежи и во тоа што во компанијата ги слушаат проблемите со кои се соочуваат градежниците во оваа работа и ги поставуваат како предизвик пред развојните тимови. Ваквиот начин на работа доведе до патентираниот систем „нула отпад“ и до одвојување на греењето и мешањето, така што смесата може да се прилагодува во од, без скапи запирања на процесот.

Гамата асфалтни бази на Ammann е сеопфатна – ги има континуирани и циклични, класични, напредни и премиум, стационарни, мобили или пак оптимизирани за транспорт. Капацитетот им се движи од 80 до 400 тони на час, а големината на миксерот од 1 до 6 тони. За помал обем на работа идеална ќе биде класичната ABC ValueTec линија која е на располагање со капацитети од 80 до 260 тони на час, миксер од 1,2 до 3,3 тони и силоси за агрегат и мешавина од 15-56, односно 50-110 тони. Овие бази се ефикасни, продуктивни и идеално прилагодени за оние кои сакаат едноставни процеси и можност за понатамошно прилагодување со опциите и додавање надградби, со постројката која од најосновна може да стане доста напредна. Се карактеризира со најниска цена на животниот циклус во овој сегмент, целосно модулиран горилникот со едноставен и лесен механизам за прилагодување на односот на воздух и горивото за ефикасно согорување и контрола на загадувањето, директно споени мотори на повеќето места што ги намалува трошоците за гориво и одржување, сито што користи робусни вибрирачки мотори кое овозможува униформа дистрибуција на агрегатот на површината на решетката на екранот и друго. Може да користи до 40-45% рециклиран асфалт.

Друга интересна и една од најпопуларните бази на Ammann е напредната ABA 100-340 UniBatch серија, која е доста прилагодлива, има ниски трошоци, лесна за одржување и позната по својата издржливост. Како што се гледа од ознаката има капацитет од 100 до 340 тони на час, миксер со зафатнина од 1,7 до 4,3 тони, силос за агрегат од 29 до 40 тони и два силоса за мешавина од по 30 или 40 тони. Серијата ABP 240-400 HRT е една од најнапредните во светот, специјално прилагодена за високи концентрации на рециклиран асфалт (и до 100%), а може да користи и отпадни кертриџи за принтери или пак гуми. Интегрираниот паралелен систем барабани е поставен директно над миксерот од 4 до 6 тони со што е оптимизиран протокот на материјал и намалена количината отпад. Капацитетот се движи од 240 до 400 тони, силосите за агрегат од 65 до 300, а оние за мешавина од 200 па дури до 1.000 тони. Тука се и мобилните ABM EasyBatch и BlackMovie серии, ABT QuickBatch и SpeedyBatch кои се оптимизирани за транспорт, континуираните ACP ContiMix, ACC ContiBase и CounterMix, напредната SCC ColdMix… Сé на сé петнаесетина разни модели во бројни изведби и големини, бројка која заедно со податокот дека шест генерации од семејството Аман ја водат оваа компанија веќе 150 години, кажува сé.