Ammann AFT 200-2

Квалитет во мало пакување

Големината не секогаш е предност

Кога зборуваме за градежни машини, веднаш помислуваме на нешто големо. А и самите градежници кога набавуваат машини гледаат тие да бидат колку што е можно поголеми за парите со кои располагаат. За жал, во модерното урбано живеење има сé помалку место, така што големината не секогаш е предност. Сите ние сакаме тој малку простор што ни останува да биде среден како треба. Ист случај е и со голем број деловни или јавни објекти, каде заради разни причини – ограничен простор, скапо земјиште, неможност за ширење или било што, просторот што е на располагање треба максимално да се искористи. Во вакви случаи на сцена стапуваат компактните финишери на Ammann, чија предност се малите површини на кои можат да работат.

Ammann AFT 200-2 е меѓу најмалите финишери на светот. Тоа е наменет да се „стутка“ во најтесните можни простори – дури и во затворено. Ќе најде примена за разни тесни патчиња и патеки за пешаци и велосипедисти, канали, ровови и секаде каде просторот е ограничен. Има теоретски капацитет за поставување асфалт од 300 тони на час на максимална широчина од 3,1 метри, а минимална од едвај 30 сантиметри. Капацитетот на корпата од 5 тони и резервоарот за гориво 85 литри овозможуваат висока флексибилност, а ниското тежиште и широките шини оптимална тракција. Загревањето е електрично или гасно, а поставувањето вибрационо. Системот за полнење на материјалот, реверзибилниот транспортер и посебно контролираните лево и десно сврдло обезбедуваат извонреден проток кој се контролира со механички сензор. Дебелината на слојот што се нанесува изнесува максимални 200 mm, а брзината 27 метри во минута.

Сврдлите имаат дијаметар од 320 милиметри и можат да се подесуваат за 150 mm по височина. За погон се користи Deutz мотор од 49 kW, а се движи со брзина од 3,3 km/h. Нејзините мали габарити овозможува и лесен транспорт – има оперативна должина од 4,36 а транспортна од 3,88 метри, височина од 1,9 и широчина за транспорт од едвај 1,2 метри. Гасениците се широки 205 mm и долги 1,39 метри, трагите изнесуваат 94 сантиметри, а тежи 5,9 тони. Се опслужува со само еден оператор, кој од платформата има одлична видливост. Интуитивните контроли прават тоа да биде лесно.

Овој компактен финишер е дел од новата технолошки напредна генерација вакви машини на Ammann која се одликува со висока конкурентност. Претставена е пред точно една година и се состои од 17 модели кои можат да асфалтираат површини со широчина меѓу 250 mm и 14 метри.