Ammann CBT 60 SL Elba

Брзо, едноставно и ефикасно

Да не беше бетонот, денес не би живееле во пештери но не би можеле ниту да ги уживаме благодетите на цивилизацискиот развој на општеството


Како суровина за градежништвото бетонот е познат уште од римско време, но вистинскиот подем го доживува кон средината на 18-от век. Тогаш започнува и експанзијата на градбите од бетон, со што неговата побарувачката драстично расте, посебно по развивањето на методите за негово армирање кои му ја зголемуваат цврстината неколкукратно. Тогаш започнуваат и првите проблеми со подготвувањето на суров бетон на градилиштата, бидејќи сите знаеме дека тој не може долго да остане во употреблива состојба.

Некаде во исто време и Швајцарецот Јакоб Аман го основа семејниот бизнис отворајќи сопствена работилница за мелници. Следејќи го патот на развојот, една од неколкуте преломни точки во историјата на Ammann групата е свртувањето кон градежништвото, кое резултираше со преземање на бројни компании од оваа област. Последно во низата е аквизицијата на познатото германско име од светот на производството на интегрирани бетонски постројки Elba-Werk Maschinen од Германија. Оптимално вклопувајќи се во филозофијата на групата, овој сегмент на работење овозможи дополнително комплетирање на понудата во согласност со времето во кое живееме. А тоа, освен огромната побарувачка за бетон и неопходноста од високоефикасни концепти, носи и обврски во поглед на зачувување на човековата околина.

ebc-b-180_logo_retuschiert-911x512

Решенијата на Ammann нудат одговор на овие навидум спротивставени барања. Употребата на модерни и еколошки прифатливи технологии е дел од развојот на секој нов производ. Амбициозното сфаќање на грижата за околината – како во поглед на безбедноста така и на нејзиното загадување со отпадни материи и гасови, без компромитирање на фокусираноста кон економските бенефити што опремата треба да ги донесе на нејзините сопственици, е друг. Континуираното адаптирање на понудата и производите како неопходност да се задржи и надгради цврстото име во светот полн со глобални предизвици кои постојано се заоструваат, трет. Можеме уште да набројуваме, но нема – место тоа ќе фрлиме поглед на конкретната примена на сето тоа изразен преку бетонската база CBT 60 SL.

Сите бетонски бази на Ammann, мобилни и стационарни, се направени од висококвалитетни материјали и со цврста конструкција кои гарантираат долг работен век. Високата продуктивност е израз на долгото искуство на оваа швајцарска група, а перформансите во работата одговор на конкурентската позиција што ја држи на пазарот. Модуларниот дизајн обезбедува флексибилност во работата, која посебно е изразена во оваа нова бетонска база. Брзото време на нејзина инсталација е резултат на нејзината конструкција оптимизирана за транспорт за кој се потребни само два отворени контејнери, што е предуслов за експедитивно снабдување на градилиштата со бетон од локации кои немаат влијание на животната средина. Колку е тоа важно денес, не треба да споменуваме. Овие карактеристики се обезбедени со преклопливите механизми и компактните димензии.

cbt_preview_bearbeitet

CBT 60 SL Elba е опремена со едноосен CEM 1000 S миксер и интегриран линеарен силос за складирање меѓу 2 и 4 агрегати. Инсталациите за дотур на цемент, вода и агрегатите, како и сите електрични и пневматски компоненти доаѓаат оперативно подготвени. За нејзино поставување посебно подготвена подлога не е потребна – доволно е било какво тло набиено со 250 kN/m². Поставувањето не бара посебни процедури бидејќи сите компоненти при конструирањето се предвидени за лесен транспорт. Расклопувањето е доста едноставно и постројката брзо по пристигнувањето на локацијата е подготвена за работа. Таа пак е прецизна заради скратениот циклус на подготовка на бетон во кој агрегатите се мерат на транспортната лента. Миксерот има капацитет од 1.000 литри, а целата постројка капацитет за 58 m³ бетон на час, што ја прави идеална за широк аспект примени.

Ammann е еден од најпознатите снабдувачи на асфалтни и бетонски бази – ги произведува повеќе од сто години и досега има испорачано околу три илјади низ целиот свет. Основните вредности на оваа семејна компанија – независноста, одржливоста во растот и кредибилитетот да се задржат квалитетот, иновативноста и ориентираноста кон клиентите се негуваат како приоритет. Групата вработува околу 3.700 луѓе кои генерираат годишен приход од околу милијарда швајцарски франци во своите девет производствени локации во Швајцарија, Германија, Италија, Чешка, Кина, Бразил и Индија.