Ammann Group

Посветеноста на дело

Не е изненадување ако слушаме за успесите на некоја швајцарска фирма - изненадување е ако не слушаме за нив


Швајцарците се народ кој ретко кој мисли дека го познава - сé што знаеме за нив е премногу општо за да се тврди дека ги познаваме. Она што со сигурност го знаеме е дека се успешна нација - примерот со групата Ammann покажува зошто е така.

Ammann_1

ammann_sth_1600x600

Холдингот Ammann Group AG е компанија специјализирана за машини и постројки за градежништвото, главно на изградбата на патишта и транспортна инфраструктура - асфалтирање, бетонирање и работи поврзани со тоа. Иако со обем на работа поскромен од извиканите имиња од оваа гранка, нејзините производи се среќаваат и кај нас - поретко, но доволно често за нивното име да биде познато и на овие поднебја. Мотото на компанијата „ доживотно продуктивно партнерство“ најдобро покажува кои се целите на компанијата - во истото се имаат уверено и оние кои се сретнале со нивните машини, од кои некои се постари од операторите кои ракуваат со нив.

ecobatch_rendering_cut_2_12-2014Сé започна во далечната 1869 година, кога Јакоб Аман го основа семејниот бизнис отворајќи сопствена работилница за мелници. Раководејќи се со својот пионерски дух, првиот сопственик на компанијата како и сите негови наследници посветено ја прошируваа работата и понудата на машини освојувајќи сé повеќе нови клиенти со иновативните решенија. Во текот на годините многу точки беа значајни во историјата на компанијата, но пресвртница и една од најважните е развојот на првиот валјак со мотор со внатрешно согорување во 1911 година. Тоа уште тогаш го означи правецот на развој и специјализирањето за овој тип машини и опрема, во што помогна и преземањето на застапништвото на Caterpillar за Швајцарија во 1931-та. Крајот на дваесеттиот век го одбележа почетокот на интернационалното ширење на Ammann, најпрво во Германија и Франција. Во моментов Швајцарците имаат девет производствени локации - три во Германија и по една дома, во Италија, Чешка, Кина, Бразил и Индија и се светски снабдувач на асфалтни и бетонски бази - ги произведуваат повеќе од сто години и досега имаат испорачано скоро три илјади низ целиот свет.

3414А во светот денес постои голема побарувачка за модерни и еколошки прифатливи решенија и технологии. Во Ammann знаат дека развојот на секој нов производ бара амбициозно да се сфати грижата за околината - како во поглед на безбедноста така и на нејзиното загадување со отпадни материи и гасови, без компромитирање на фокусираноста кон економските бенефити што опремата треба да ги донесе на нејзините сопственици. Затоа и еден од последните чекори што го презеде оваа група беше аквизицијата на познатото германско име од светот на производството на интегрирани бетонски постројки Elba-Werk Maschinen од Германија. Перфектно вклопувајќи се во портфолиото на Ammann, нејзините производи претставуваат совршен додаток на постојните полиња на активности на компанијата - асфалтните бази и машините за набивање на терен, асфалтирање и бетонирање, издигнувајќи ја групата на ниво на идеален партнер за сите клиенти, кои добро знаат дека континуираното адаптирање на понудата и производите е неопходност да се изгради цврсто име во светот полн со глобални предизвици кои постојано се заоструваат.

ebc-t-30_wilwert_sanem_luxemburg_2880x1620px_2014_img2067_rgbЗатоа и успех само по себе е да се преживее скоро 150 години. Уште поголем успех е ако при тоа не се падне во канџите на империјалистичкиот капитализам и не се биде проголтан од страна на некоја од огромните глобални корпорации - Ammann е една од ретките такви компании. Карактеристично е дека и ден-денес семејството Аман раководи со неа - сегашниот прв нејзин човек е шеста генерација и претставува природно продолжение на долгата швајцарска семејна претприемачка традиција предводена од особините како што се независноста, одржливоста во растот и кредибилитетот да се остане на основните вредности - квалитетот, иновативноста и ориентираноста кон клиентите. Групата моментално вработува околу 3.700 луѓе кои генерираат годишен приход од околу милијарда швајцарски франци. Ammann не е компанија која цели високо или широко - нивниот умерен и пресметан раст ја одржа еден ипол век на здрави нозе, време за кое сé се смени многупати. Она што не се смени е посветеноста на Ammann на своите клиенти, вработени и иновативните решенија.