Atlas Copco PowerRoc T35

Поглед низ подземниот свет на шведски начин

► Моќна и флексибилна, хидрауличната дупчалка за камен Atlas Copco PowerRoc T35 со надворешен чекан е типичен претставник на шведското инженерско искуство собирано скоро век ипол

До 2006 година кога шведската полиција ги заплени серверите на компјутерската пиратска мрежа The Pirate Bay кои беа сместени во едно поранешно засолниште од бомбардирања под ридот на кој се наоѓа гратчето Нака во близината на Стокхолм, ретко кој беше слушнал за ова место. Оние кои беа слушнале го знаат како седиште на компанијата Atlas Copco и затоа и oвој пат ќе се позанимаваме малку со подземниот свет гледан на шведски начин, но на оној реалниот под нашите нозе, а не дигиталниот. Експерт за тоа е токму споменатата компанија, чии производи, иронично, се користени и за изградба на споменатиот бункер во кој се наоѓаа компјутерите на шведските пирати.

9851344401b_PowerROC T30 and T35 sales brochure_English_tcm795-3573623-01А секоја изградба не само на ваков објект кој треба да заштити од природни и катаклизми предизвикани од човекот, започнува со испитување на тлото во длабочина. Што крие тоа никој не знае, но од аспект на архитектите треба да биде што е можно поцврсто за да го издржи целиот товар на градбата над него. Од аспект пак на градежниците цврстото тло значи и голема мака при подготвувањето на теренот, но не и поголема од онаа на мекото тло. Токму од составот на почвата зависи одлуката дали нешто ќе се гради на посакуваната локација и ако се гради колкаво би можело тоа да биде. Пред почетокот на градењето во игра на невидено се големи пари и погрешната одлука, односно одлуката донесена врз основа на погрешни претпоставки за почвата на која ќе лежат темелите на идната градба, ќе значи и нивно пропаѓање – и на парите, и на темелите. Во случај пак кога тлото е карпесто, приказната има поинаков тек и понекогаш е потребна дури и употреба на експлозив за справување со бариерите што ги има создадено природата во својот подземен свет.

Но ако во градежништвото ваквите случаи се исклучок, кај рударството, каменоломите и сличните гранки тие се правило. Затоа и Швеѓаните сериозно си ја имаат сфатено работата и нивната гама дупчалки ги покрива сите можни барања, а ние од неа за прво претставување ќе го избереме моделот PowerRoc T35. Се работи за машина наменета за површинско дупчење со дијаметар од 64 до 115 mm, на длабочини максимум до 25 метри. Како и останатите членови од семејството PowerRoc спаѓа во класата робусни дупчалки, што значи дека е наменета за извршување на најтешките работи, пред сé за справување со камења и карпи. Нејзината работа е базирана на хидрауликата како ударна сила и едноставната и издржлива конструкција. Дупчењето се врши со помош на алати од алуминиум, материјал кој е високоотпорен на свиткување и кој овозможува стабилно водење при дупчењето.

9851344401b_PowerROC T30 and T35-01

Лесна е за ракување, едноставна за одржување и пред сé безбедна во работата заради своите конструктивни решенија, кои шведските инженери врз основа на своето искуство ги имаат искомбинирано меѓу докажаните и напредните компоненти. Поставена е на гасеници кои овозможуваат лесно маневрирање, голема флексибилност во позиционирањето и стабилна работа на секаков терен и во секакви услови во сите области на градежништвото. Моќната погонска група и хидрауликата обезбедуваат лесно справување и со најцврстите карпи и камења и истовремено ефикасно користење на енергијата, со што се намалуваат трошоците за работа и одржување. Квалитетот на дупчењето пак овозможува побрзо, поефикасно и беспроблематично завршување на поставените задачи, а не треба да се заборават ниту малата оперативна тежина што ја прави машината лесна за транспорт и краткото време потребно за тренинг на операторите.

На располагање е со два типа на Cummins QSB 6.7 мотори – Tier 3/Stage IIIA со 190 и Tier 4/Stage IIIB со 201 KS. Компресорскиот систем работи под притисок од 9,7 бари со капацитет од 130 литри во секунда, а колекторот за прашина има филтер со површина од 18,4 m² составен од 8 елементи. Хидрауличниот систем е способен за пробивање на површината со сила од 19,6 KN и брзина до 0,85 m/s. Алатот за дупчење има ударна силина од 19 kW, притисок во хидрауличниот цилиндар од 220 бари и зачестеност на ударите од 49 Hz, а во транспортна позиција се издигнува во височина од 3,3 односно 3,5 метри над тлото во телескопската изведба. Целата машина сосе него е долга 9,1 метри и широка 2,36 метри, а тешка од 12,1 до 13,5 тони во зависност од изведбата.

9851344401b_PowerROC T30 and T35-02За крај, покрај стандардниот COP Logic контролен систем, треба да се спомене и дека за постигнување максимум перформанси на располагање стојат и голем број опции, како што се на пример дво и тродимензионалните индикатори на аголот, камерата за поглед наназад и друго.

Индустрискиот конгломерат Atlas Copco е основан во 1873 година и произведува широк спектар индустриски машини, алати и опрема. Седиштето, како што напоменавме, му е во гратчето Нака кое има едвај 33 илјади жители, за 11 помалку отколку што целата група вработува во своите повеќе од стотина погони низ целиот свет. Atlas Copco има годишен обрт од скоро 100 милиони шведски круни, односно 10 милиони евра, а делува во околу 180 земји, меѓу кои и Македонија каде е присутна со децении. Оваа шведска фирма беше една од првите која како помош испрати машини за расчистување на урнатините од скопскиот земјотрес – конкретно 5 дупчалки за дупчење и разбивање на бетонските блокови, претходници на оваа што ја опишуваме сега. Интересно е и тоа дека кога во 1984 година во Австралија беа пронајдени фосили од диносаурус, овој вид беше наречен Atlascopcosaurus бидејќи компанијата ја испорача опремата за ископувањата низ карпестиот морски брег, кои траеја десетина години.

maxresdefault