AutoMost Irizar

Автономен автобус од Шпанија

Корона пандемијата го запре светот, но ги покажа вистинските придобивки на автономните технологии

Со обединети сили, Шпанците направија автономен автобус. Тој е дело на 11 партнери предводени од Irizar, а е финансиран од центарот за индустриско-технолошки развој на министерството на економијата на земјата како дел од пионерскиот проект за мобилност AutoMost кој има за цел развој на технологии за автоматизација на превозни средства за градски и индустриски транспорт. Во реализацијата учествуваа и универзитетите од Мадрид и Виго. Овој автономен автобус е развиван три години, а како основа е земен електричниот Irizar ie bus 12, што значи дека е долг 12 метри. Има капацитет за 60 патници и може да се движи во два режими – рачен и автоматски, односно со и без возач. Корона пандемијата ги запре неговите тестирања – беше предвидено тој да сообраќа од пристаништето до центарот на градот, превезувајќи патници кои пристигнале со крузери. За тоа ќе користи високопрецизен систем за позиционирање и насочување, а ќе биде поврзан со контролниот центар од кој ќе можат да се испраќаат конкретни инструкции и ќе се следи нивното движење по маршрутата.