Boart Longyear LF230 – Дупчалка за испитување

Компактна и лесна дупчалка со високи капацитети

Со максимална длабочина на дупчење од 2.983 m, компактната дупчалка на Boart Longyear е подготвена да одговори на најтешките апликации во потрага по минерални богатства

Во далечната 1888 година во Солт Лејк Сити е формирана Boart Longyear, компанија која денес е глобално позната по својот широк спектар на машини за дупчење. Иако со разна намена, сепак основната функција на овие дупчалки е испитувањето на тлото во однос на содржината на природни минерални богатства. Како една од најпопуларните машини од тој спектар секако е дупчалката за испитување LF230.

Таа располага со доволна моќност и капацитети за да обезбеди лесно и ефикасно извршување на секоја поставена задача. Извлекувањето на 18. 148 kg обезбедува капацитет на дупчење над својата класа, додека патентираната PQ Nitro-Chuck глава со своите перформасни е подготвена за одговор на секој работен предизвик.

Во суштина говориме за компактна и релативно лесна машина чии димензии во должина и широчина не надминуваат (11,28 x 3,66) метри. Со тоа, без разлика дали е натоварена на платформа или пак на камион, е обезбеден лесен пристап и до потешките работни локации.

Како додатен аргумент за извонредната мобилност служи фактот што дупчалката се превезува во составни делува со телескопски јарбол кој има способност за подигнување.

Капацитети

Дупчалаката LF230 како основен погон користи дизелски мотор со потпис на Cummins. Работната зафатнина на линискиот шестцилиндарец изнесува 8.3 литри од кои при 2.200 вртежи се истиснува максимална силина од 205 kW (279 КС). Хидрауличниот мотор има четири степени на пренос при што може да се врти од минималните 144 се до максималните 1.250 вртежи при што моментот респективно варира помеѓу 5.322 и 610 Nm.

Длабочината на дупчење зависи од опремата која се користи, применетата техника, аголот под кој се дупчи како и од упо требената глава за дупчење и цевките. Како пример производителот ја неведува длабочината од 2.983 метри која се постигнува со комабинацијата NRQ V-Wall и сила на извлекување од 18.258 kg.

Ротирачката глава се движи со помош на хидраулична пумпа од типот Rexroth и исто така располага со четири степени на пренос. Од друга страна главната хидраулична пумпа – покрај неа постојат уште и секундарна и помошна – која работи по принципот на аксијално клипна пумпа, при максимален проток од 318 l/min обезбедува притисок од 31 Mpa.

Способности за пример

Дупчалаката е оспособена за оперирање под ударен агол од 900 до 450 во однос на хоризонтална рамнина. Хидраулично подигнуваниот телескопски јарбол има должина од 14,2 m додека за прецизно позиционирање на дупчалката главниот цилиндер за померување има όд со должина од 3.350 mm.

Шипките за извлекување се со должина од 6 или 9 m, а системот функционира со капацитет на извлекување од 18.144 kg и со можност за спуштање од 12. 000 kg при што главната линија има пречник од 22 mm.

Патентираната ротирачка нитро глава која функционира со хидраулично отварање и гасно-опружно затварање, со своите 7 зафатни вилици, има капацитет на извлекување од 222 kN.

Практичност

Операторот кој управува со LF230 воопшто не мора да се грижи за својата безбедност од проста причина што е механички заштитен од сите можни влијанија. Згора на тоа, за полесно управување командите на управувачката табла се ергономично дизајнирани при што електричните команди се сместени над хидрауличните со што се остварува добар преглед на операциите на дупчење.

Во поглед на редовното сервисирање и оддржување на машината Boart Longyear обезбедува квалитетни компоненти кои се достапни буквално на сите континенти.