Bobcat L23 и L28

Мало, помало, Bobcat

Кога ќе се спомене Bobcat веднаш се помислува на мала машина, но овие две се мали дури и за критериумите на Bobcat

Bobcat лансираше на пазарот две мали машини наменети за оние кои уредуваат паркови, зеленила и слични дворни површини. Имаат мал мотор со 28 коњски сили и дури и за критериумите на Bobcat минијатурни димензии, кои навистина се неопходни за ваква работа. Такви и се и можностите и можат да работат само на проекти во кои се бара мал ангажман. Со други зборови, кај нас нема да ги видиме во живо заради што и ви ги претставуваме во оваа видео презентација.