Bomag Bauma 2019

Технологија подготвена за иднината

На годинешниот најголем саем за градежна машинерија Bauma 2019 во Минхен, фирмата Bomag уште еднаш покажа дека е чекор пред останатите, промовирајќи иновативни технолошки решенија кои се веќе применливи во пракса

Robomag – првиот целосно автономен валјак

Иако презентиран на Bauma 2019 како студија, првиот целосно автономен тандем валјак развиен од Bomag покажа дека автономните градежни машини се реалност. Robomag може комплетно независно да биде користен во дефиниран работен простор, додека за некои едноставни функции може да се користи и преку далечински управувач. Системот добива информации за позицијата, ситуацијата и движењето користејќи комбинација на различни технологии за просторно ориентирање и перцепција на околината. За превенција на судири се користи сеопфатен сигурносен концепт со сензори за препознавање на околината. Како додаток на целосно автоматското работење, Robomag има и опција да следи мануелно подесена шема на движење, како автономно би завршил работи кај специфични проекти. Во валјакот е вклучена проверена и тестирана Bomag технологија, како Asphalt Manager 2 системот кои се грижи за интелигентната контрола, мониторинг и документирање на набивањето.

Лесни тандем валјаци со електричен или погон на гас

Започнувајќи од 2019 година, стандардот V за емисија на гасови стапува на сила во ЕУ. Bomag на саемот Bauma презентираше различни индивидуални погонски решенија применети на 2,7 тонскиот валјак BW 120. Особено нагласени беа дизајн-студиите за две нови верзии на погонот – со електро-хидрауличен погон и батерии, како мотор на еколошки плин (гас) со јачина од 30 kW. Електро-хидрауличниот погон со два моќни електрични мотори во валјакот импресионира со своите врвни перформанси и минимална емисија на бучава. Верзијата на мотор со гас може да се пофали со одлична енергетска ефикасност и значително намалени емисии, преку користење на комерцијално достапна плинска боца, која по празнењето може да се замени лесно и безбедно за 5-10 минути. Преку овие алтернативни погони се гарантира дека ракувачите, персоналот, околните жители и животната средина ќе бидат предмет на помало загадување.

Најкомпактниот финишер на Bomag + Нова иновативна работна конзола

Со минимална широчина за асфалтирање од само 1,10 m, најкомпактниот финишер на Bomag, моделот BF 200, освојува сосема нови области на примена во урбаната изградба на патишта, како асфалтирање помеѓу трамвајски линии и железнички колосеци, како и места кои претходно можеле да се асфалтираат само рачно. Друга нова и уникатна карактеристика на BF 200 е неговиот двоплатформски концепт. Ова му овозможува на ракувачот да бира меѓу подесување на платформата на две различни висини. Повисоката платформа обезбедува одличен поглед на сите страни, додека долната платформа му овозможува на операторот да стои удобно, дури и кога работи во затворен простор, како на пример, на урбани патишта или подвозници на железнички пруги, асфалтирање во ниски подземни подрачја и друго.

Изградбата на патишта е прецизна работа. За да се постигне најдобриот резултат, ракувачот на финишерот мора да има сé под контрола во секое време. Bomag на BAUMA презентираше сосема нов концепт на комфорна и ергономска работна платформа, со мултифункционално седиште и џојстик со најважните контроли при рака.

Ion Dust Shield: ПМ честички претворени во незагадувачки снегулки

На градилиштата, покрај видливата прашина, се создаваат и невидливи ПМ честички кои се штетни за респираторниот систем на човекот. Ова се случај кога гребалките за асфалт го гребат стариот слој на асфалт од патиштата. Со Ion Dust Shield технологијата, Bomag e првиот и единствен производител кој нуди вакво решение кое ги претвора невидливите ПМ честички преку јонизација во поголеми снегулки, видливи за окото, со што се заштитува ракувачот и околината.

Нови компактни фрези: Совладување на секој работен процес во седечка позиција

Втората генерација на Вomag фрези (гребалки) за асфалт носи нови импресии со бројни нови функции и детални подобрувања за поголема леснотија во работењето и зголемена продуктивност. Особена нагласена новина во новата генерација фрези е комплетно променетата работна платформа. Целата платформа, вклучувајќи ги и контролите, се изолирани од стресните вибрации. Моделите се опремени со моќен 105 kW дизел мотор, кој ги исполнува најстрогите ЕУ 5 стандарди за емисии. Достапни се два модела со работна ширина од 500 mm или 600 mm, кое дава 20% зголемена површина на гребење. Со длабина на гребење до 210 mm, машините покриваат широк спектар на апликации и ги импресионираат ракувачите со одличните перформанси на гребење, големата флексибилност и добро осмислените решенија и контроли.

BW 174 AP Hybrid

Хибридниот модел на Bomag кој веќе е докажан во пракса, се состои од дизел мотор, хидрауличен акумулатор и најнапредниот систем за набивање Asphalt Manager. Овие три системи создаваат една ефикасна целина, при што хидрауличниот акумулатор ги покрива кратките пикови на моќ кои се случуваат кога се активира вибрацијата, а тоа овозможува користење на покомпактен мотор кој ќе работи во опсегот на оптимална ефикасност и ќе има помала потрошувачка, а со тоа намалени трошоци и заштита на животната средина.

Bomap: Паметна апликација на градилиштето

Новата дигитализација на градилиштата кај Bomag e веќе започната преку најновата андроид апликација Bomap. Оваа апликација е решението за дигитализација на земјените и асфалтни работи на градилиштата, преку документирање на резултатите во реално време. Апликацијата е лесна за употреба и применлива за сите андроид таблети и телефони, ги документира набивањата за сите типови на валјаци од различни производители, додека дополнителната GPS антена поврзана преку Bluetooth овозможува уште попрецизна локација. Резултатите добиени преку оваа апликација лесно може да се креираат како pdf документ и ги прикажуваат на корисникот постигнатите перформанси на набивање на транспарентен начин.

Набивањата сега се едноставно паметни

Со нови подобрувања на апликацијата во 2019 година, ќе се овозможи и директно конектирање со Bomag валјаците, со цел снимање и на другите податоци, како: EVIB, температура на асфалтот, фреквенција и амплитуда на набивање, како и други корисни информации од машината. Понатаму со интеграција на Cloud-системот, сите овие информации ќе можат секаде да се добијат без разлика на локацијата на машината и корисникот. Ова ја прави Bomap апликацијата порта кон дигиталното градилиште на иднината.