Bomag BW 213 BVC 4i

Вистинската страна на пругите

Bomag, водечкиот снабдувач на опрема за гребење, асфалтирање и набивање, понуди единствено решение на секторот за железничка инфраструктура со самодвижечкиот валјак за патишта/шини

Кај железничката мрежа времето навистина чини пари, особено при обновувањето на пругите. Овој тип на работа вообичаено се извршува за време на ноќта и во викендите, кога тимовите на железничката мрежа имаат само неколку часа за работа, а итноста е висока. Во подобрувањето на инфраструктурата железничката индустрија покажува дека пристапот на соработка и прифаќањето на нови софистицирани технологии може да донесе огромна продуктивна придобивка, како кај градежната индустрија, така и кај конзервативната рентална индустрија.

1

Затоа железничкиот сектор би требало да го прифати претставувањето на Bomag BW 213 BVC 4i. Bomag-овиот Vario Road-Rail Vehicle (RRV) како што е познат во сферата на железничка мрежа, беше развиен во соработка со тимот на инженери-експерти од Rexquote and Network Rail. Машината може лесно да се монтира и демонтира од пругата за по отстранувањето на дел од шините да се набие чакалот или камената основа.

Со тежина од 16 тони, машината е еднакво продуктивна и кај набивањето почва, чакал, песок или кршен камен. Таа може да набие до 1.400 m³ материјал на час во слој со длабочина до 1,20 метри. BW 213 BVC 4i е софистицирана машина опремена со интегрирана сопствена технологија за максимална продуктивност и минимален трошок. Со 119 kW Deutz мотор опремен со Ecomode систем кој автоматски ја приспособува моторната сила согласно нејзината потреба, производителот уверува дека валјакот BW 213 BVC 4i е во исто време моќен, но и штедлив. Заштедата на гориво од дури 30% со помала емисија на гасови од моторот споредено со конвенционалните машини, се видливи на самото место и во секојдневната примена.

3Овој самодвижечки вибрационен валјак е исто така опремен со Bomag-овиот Terrameter (BTM) и Variocontrol. Овие системи ја мерат динамиката на цврстината на материјалот под машината во реално време и потоа автоматски ја оптимизираат енергијата и правецот на набивање за приспособување кон условите под машината, за се добие максимална продуктивност. Резултатот е зголемена продуктивност и увереност дека работата е завршена без меки точки или пренабиени делови. Самото набивање може да се сними, анализира и сочува за понатамошна употреба на системот за управување со набивањето (BCM).

Овој валјак за прв пат беше претставен на железничката индустрија на Rail Live саемот во јуни 2014. Валјакот подоцна помина детални и опсежни тестирања, како и мал производен развој, кулминирајќи со финално прифаќање од страна на мрежата на железнички производи во август.

Машината првенствено е наменета за употреба при итни случаи на обновување кое вклучува отстранување на постоечките шини до 90 метри должина, заменувајќи и набивајќи го чакалот и потоа замена или преинсталирање на шините.

2

На скорешниот Network Rail настан одржан во The Grange во местото Стуок на Трент, Англија, машината го заврши набивањето на 90-метарскиот чакал за 30 минути. Еден од инженерите искоментира дека со постоечката опрема од три вибрациони плочи, би ја завршиле оваа работа за дури 3 часа, што е всушност заштеда на време кое го оправдува дополнителниот трошок на машината.

Видување на крајниот корисник

Првиот Bomag Vario RRV е изнајмен и ракуван од специјализирана фирма Trac Rail од Честерфилд. Bomag РРВ успешно ја заврши првата смена во септември по финалното прифаќање во август. Местото беше во Гринхил, околу 20 милји северно од Глазгов и работата беше обновување на скретниците и пругите. Делницата која беше обновена беше долга 150 метри и чакалот беше набиен во три поминувања, што одзеде околу 45 минути. Дополнителни три поминувања беа извршени со цел да се постигне мазен финиш. Се верува дека со понатамошна употреба времетраењето ќе биде значително намалено.

Набивање
Местото беше набиено со употреба на три вибрациони плочи пред првата смена, но забележително повеќе набиено со валјакот на Bomag. Резултатите покажуваат еднаква просечна збиеност од 89 MN/m² која беше постигната на долното ниво на чакалот.
Проект-инженерот Колин МекАтир, беше многу задоволен од финишот на чакалот и резултатот на збиеност: „Ова е одлично решение и однапред се радувам на целиот бенефит од неговата примена. Ќе ни помогне да ја преобразиме работата на пругите“.
Обновата на скретниците и пругите е изведена со т.н. alliance пристап, комбинирајќи ги вештините на дизајнерот, монтерот и железничката мрежа.