Bomag мега проект

Новиот аеродром во Истанбул

Вечниот сон за летање – сон кој има нова димензија во Турција

Од Јуни 2014 година започна да се гради нов аеродром во Истанбул, кој по комплетирањето ќе биде најголем во светот и ќе постави нови стандарди во овој сегмент. BOMAG има значајна улога во изградбата на овој аеродром блиску до Црното Море – фирмата го изведува својот најголем проект на набивање во историјата, со преку 130 BOMAG валјаци со еден бандаж за набивање земја.

DCIM100MEDIADJI_0073.JPG

Столбовите на терминалната зграда веќе се подигнати кон небото и ја даваат првата импресија од очекуваните димензии на новиот истанбулски аеродром. Целиот проект чини околу 10 милијарди евра и самиот аеродром ќе се простира на околу 8.000 хектари, еквивалентно на 12.000 фудбалски терени. Терминалната зграда се простира на површина 5 пати поголема од фамозната Еmpire State зграда во Њујорк и е планирана да услужи до 200 милиони патници годишно кои преку шесте нови писти ќе патуваат на повеќе од 350 дестинации во светот.

Градилиштето на овој огромен аеродром се наоѓа околу 35 km северозападно од центарот на Истанбул (европскиот дел), веднаш покрај брегот на Црното Море. Локацијата е поранешен површински рудник за јаглен, кој се карактеризира со цврст терен што најпрво мора да се изнивелира. За да се постигне тоа, потребно е да се отстранат 400 милиони кубни метри земја и да се пополнат сите дупки и отвори. Со околу 13.000 работници распоредени на градилиштето и со работна динамика од 7 дена во неделата во две смени и околу 20 работни часови на ден, BOMAG валјаците имаат своја значајна улога во овој проект.

634637405B_BW_226_PDH_5_Istanbul_Ataturk_Airport_v1_3264x2448

На почетокот на 2015 година, на градилиштето беше распоредена флота од BW 226 и BW 216 валјаци за земја со еж и полигонални бандажи – вкупно 136 машини (валјаци), од кои 61 валјак се опремени со BOMAG Terrameter (BTM), додека 45 валјаци се опремени со BOMAG Compaction Management 05 (BCM 05) со GPS систем – два система за контрола на набивањето од кои зависи квалитетот на набиената површина. Набивањето е поделено на 5 посебни големи зони, со по 20 валјаци на секоја зона. Секој слој е со дебелина од 40 cm и бараната набиеност се постигнува со 4 поминувања на валјаците.

За да се олесни процесот за операторите на валјаците, во зависност од типот на почвата комбинација од 4 еж-бандаж валјаци и/или полигонални бандаж-валјаци возат еден зад друг во линија, следени од валјак со мазен бандаж кој го финишира набивањето и ги документира процесот на набивање и резултатите.

419593170B_BW_226_Istanbul_Ataturk_Airport_v1_3264x1836

Еден од предизвиците е дневната проверка на набивните резултати. Со површина на набивање од околу 2 милиони квадратни метри дневно, потребни се околу 2.500 индивидуални тестови, кои се многу скапи и одземаат многу време. BOMAG-овиот BCM05 Систем за контрола на набивањето и GPS системот нудат ефикасна алтернатива. Тие ја следат набиената површина и ги собираат потребните релевантни податоци, кои потоа се пренесуваат во лабораторија која ги собира и чита. Надворешен консултант кој е одговорен за потврда на тестираните површини го евалуира секој документ – околу 20 дневно и го проверува процесот на набивање. Ова гарантира комплетна документација што за возврат овозможува лесен и ефикасен процес на изградба.

BOMAG валјаците имаат пред себе уште многу работа до планираното отворање на првата фаза во февруари 2018 година, но се повеќе од способни за овој предизвик демонстрирајќи ја својата ефикасност и перформанси секој ден.

Istanbul airport 2