Нови комбинирани валјаци
Комбинираните валјаци сé повеќе стануваат интересни за градежниците заради својата ефикасност во уредувањето мали и средноголеми површини
Case Construction Equipment претстави два нови комбинирани валјаци направени на мала шасија. Како и другите комбинирани валјаци, и Case DV23CC и DV26CC напред имаат монтирано вибрационен барабан, а назад пневматици. Тоа им обезбедува одлични маневарски способности и видливост на сите страни во споредба со поголемите машини. Оперативните тежини им се 2.150 и 2.230 килограми соодветно, а ширината на барабанот 100, односно 120 сантиметри. Имаат вградено систем за двојна фреквенција на вибрирање (3.480/3.960 во минута) со автоматска контрола. Моторот им е Tier 4 со 31,5 коњски сили, платформа изолирано монтирана, а седиштето со странично лизгање.