CAT 14M3

Нивелирањето како обврска и задоволство

Грејдерот на Caterpillar по ништо нема да се издвои од конкурентските модели, освен по тоа што зададените апликации ќе ги изврши беспрекорно и што ќе служи долго и без никакви примедби

Живееме во период кога времето е пари а исполнувањето на работните задачи значи профит. Тргнувајќи од овие премиси сосема е јасен одговорот на дилемата дали да се купи докажана и сигурна машина или пак да се оди на поевтина но понеизвесна варијанта.

Сите кои се определиле за првата опција ретко некогаш да се премислиле, а овие другиве најчесто се каеле за својата одлука. Дали е потребно да истакнеме дека поседувањето на еден грејдер од типот на CAT 14M3 во машинскиот парк на една компанија би значело дека половина од работата е завршена?

Класика во ново издание

Иако со ништо нема да ја предизвика лубопитноста на фановите за технолигија, грејдерот на Caterpillar ќе знае со секој технички детал да го воодушеви корисникот. Причината е јасна: сите употребени склопови и системи се темелно преработени и се во функција на лесна употреба и ефикасност при извршување на сите апликации. Ова во Caterpillar го нарекуваат, Интегрирана технологија.

Започнувајќи од вградениот мотор, Cat C13 од серијата Acert, кој ги исполнува најстрогите еколошки норми, преку погонскиот систем со 8 степени за движење напред и 6 за назад и автомасткото затварање на диференцијалот, па сé до електро хидрауличните системи над кои бдее контролната електроника за оптимизирање на потрошувачката, сите склопови работат во механичка хармонија.

Кабина за целодневен престој

Веќе никој не говори за безбедносниот аспект на кабините на работните машини. Тој факт, посебно кога станува збор за Cateripllar, се подразбира сам по себе. Кај грејдерот 14M3 актуелна е темата за степеност на изолација од вибрации и акустика. Добро, тaa е темелно направенa а згора на тоа климатизацијата е врвна, а како дополнување доаѓа можноста за вентилирање и греење на седиштето на операторот. Капацитетната циркулација на воздухот покрај прочистувањето и проветрувањето на кабината успева од внатрешна страна сите стаклени површини да ги одржи совршено чисти.

Спецификата кај грејдерите се однесува на начинот на управување и можеби најмногу на видливоста која обезбедува контрола над ситуацијата. Двете командни палки (џојстик) се целосно нови и функционираат преку електро хидраулична контрола. Прецизноста на оперирање, во однос на класичните команди, е подобрена за 78%. Кога на овој пода ток ќе го додадеме и комплетниот информациски систем кој обезбедува увид во сите параметри на машината, станува јасно колкаво внимание производителот посветил на секој детал кој се однесува на функционалноста и комфорот на операторот.

Ефикасна економичност

Грејдерот лежи на носечка структура изработена од посебно цврст челик, отпорен на маханички шокови и со лежишта кои обезбедуваат голема постојаност. Основната структура со двојни погонски тркала вртежниот момент го пренесува преку диференцијал со автоматско затварање чија задача е прилагодување кон моменталното оптеретување на оските, со што пак, се овозможува зголемена ефикасност при извршување на разни апликации.

На предната оска, вретената и лежиштата се херметички затворени со што освен заштита од надворешни влијание, целиот систем перманентно останува подмачкан.

Вградениот мотор е добар познаник, тоа е Cat C13 Acert. Во зависност од пазарот тој може да биде оспособен и за испонување на најстрогите еколошки норми. Во основна верзија ипорачува 238 КС додека ако е опремен со VHP Range системот тогаш излезната силина може да му варира помеѓу 238 и 285 КС. Во разни варијанти 12,5 литарскиот L6 знаеме дека поседува капацитет и за поголема силина, но кажавме, во 14M3, посебно внимание е посветено на економичноста, издржливоста и запазувањето на високите еколошки стандарди.

Во секој случај, на машината со оперативна тежина од 25.968 kg моторот и обезбедува максимална брзина од 50,5 км/ч кога се движи нанапред и 39,9 км/ч при движење во „рикверц“. Уште еден детаљ го привлекува вниманието, контролната електроника ќе се погрижи за одржување на константна брзина без разлика на препреките кои се појавуваат при нивелирањето.

Основна дејност

Сепак да не заборавиме на основната функција за која е неменет Cat 14M3, а тоа секако е нивелирањето на теренот. Без разлика на составот на теренот, тој секако ќе биде квалитетно изнивелиран спрема зададените параметри. Со едноставни команди од кабината се подесуваат аголот и нагибот на 4,3 метарското секало, понатаму работата си тече по предвидениот тек. Посебност претставува опцијата која преку поголеми нерамнини поминува со автоматско подигање на секалото. За погруби апликации се користи стандардно вграденото „гребло“ а во случај на посебни побарувања како што е на пример чистењето на снежни наноси, може да се вгради приклучок кој е посебно дизајниран за таа намена.

И уште ако кажеме дека контролата на течностите и филтрите се врши од ниво на тлото а сервисните интервали се во рамки на високо поставените норми на Caterpillar тогаш сликата за мото грејдерот Cat 14M3, станува целосна.