Caterpillar 330F

Класичен багер со грст нови решенија

► Во класата до 30 тона, CAT го нуди својот докажан багер, 330F. Опремен со нови технологии тој на корисникот ќе му овозможи максималана ефикасност и минимални трошоци на експлоатација

Наменет за широк опсег на работи, компактната “тристотини триесетка“ подготвена е да се заколне на голема верност. Со можност за промена на работна рака и големиот број на приклучни алатки, станува неопходна машина во паркот на фирми кои се бават со најразлични работни активности.
Технолошкото ниво, на кое толку се горди американците, може да се согледа во секоја употребена компонента. Тука е современиот дизелски агрегат со Tier 4 Final норми, потоа новиот хидраулички систем со рециркулација на протокот, додатно заштитените механички компоненти како и долгиот сервисен интервал.

Изолиран оператор

CAT секогаш операторот го става во центарот на своето конструкторско внимание. Одлично изолираната кабина ги исполнува најстрогите безбедносни критериуми. За потполен комфор и максимална удобност седиштето може да се подеси во сите правци па дури и двете командни палки можат да се прилагодат кон спецификите на операторот. Како додатно додворување на машината кон човекот, може да се смета греењето на седиштето кое згора на тоа има и воздушна суспензија. Работењето во потопли краишта ќе биде овозможено со ефикасно ладење на кабината кое се одвива со проток на воздух преку двоен филтер.
Large Specalog for 330F Hydraulic Excavator, AEHQ7632-00, EU, TuОдличната видливост како и информацискиот дисплеј преку кој можат да се следат сите параметри на машината, спаѓаат во исполнување на стандардните опции на опрема која се вградува во секој производ на CAT.
Додатно на тоа, операторот има на располагање конектори за електронски уреди како и посебно изолирано одлагалиште.
Ќе издвоиме само еден мал детал кој ја отсликува грижата на производителот за економична екплоатација. Со притискање на копче сместено на палката, моторот може да се стави во штедлив режим (ако не е потребна толкава моќност) а со повторно негово притискање контролната електроника веднаш го враќа претходниот режим на работа.

Помалку азотни оксиди

Новиот мотор од серијата ACERT, од 7 литра работен волумен ослободува 239 КС. На прв поглед ништо особено, но примената на новите технологии овозможува екстремно ниски емисии на штетните азотни оксиди. Може лесно да се случи возилото со кое е довезен операторот повеќе да ја загадува околината отколку самата машина. Никој тука не мисли на Volkswagen и нивната мега афера.
C10625471d-01За постигнување на тие високи стандарди, Caterpillar употребува полнење на цилиндрите под исклучително висок притисок а што е уште поважно, има систем кој овозможува по извесен циклус издувните гасови да се вртатат на повторно согорување во цилиндрите.
Добро позната вистина: колку е моторот поефикасен толку помалку троши гориво. Кога во една целина ќе се спојат моќен мотор и системи за заштеда на енергијата, се добива резултат кој ќе знае да го развесели корисникот.
Машината ја носи челична конструкција изработена по специјална метода а споевите се контролирани со помош на ултразвучни апарати. Подвижните делови од системот за придвижување се заштитени од физички удари и вода и нечистотија.
На располагање се ставени три врсти на работната рака, HD, ME и SLR. Првата е наменета за поместување на тежок товар, втората за волуминозен а третата опција е со продолжена (18.3m) работна рака. На секоја од нив може да биде монтиран специфичен приклучен алат, избран од широкиот спектар на производителот. Уште да додадеме, во зависност од распонот на подигнатиот товар, во 330 F може да се додаде и контратег со тежина од 6.3 или 7.4 t.

Едноставно оддржување

Во оваа класа на багери веќе стана стандард, контролните точки за оддржување да бидат групирани по еден ист капак. Промената на филтрите и чистењето на ладилниците може да се изврши на една пристапна точка. Згора на тоа и редовните сервисни интервали се извршуваат на подолг временски и работен период, па оттука лесно ќе заклучиме дека поради оддржување, машината вон строј ќе поминува сразмерно многу краток период.
Large Specalog for 330F Hydraulic Excavator, AEHQ7632-00, EU, TuЗа да не се остави ништо на случајот, Caterillar има развиено сопствени системи со чија помош машината е безжично поврзана со контролниот центар кој има целосен увид во сите параметри. Таму можат да се отчитаат податоците за експлоатацијата: работна локација, работни часови, потрошувачка на гориво, продуктивност, работа во празен од. Врз основа на овие податоци се поставува точна дијагноза за машината и се добиваат инструкции за максимилизирање на ефикасноста, зголемување на продуктивноста и намалување на трошоците на експлоатација.
Од нив толку, останатото зависи од стекнатите навики на корисникот.

Large Specalog for 330F Hydraulic Excavator, AEHQ7632-00, EU, Tu