Caterpillar AP655F

Финишер за беспрекорен гланц

AP655F е дизајниран за големи работни површини: аеродромски писти, широки автопатишта, големи паркинг простори, … тоа е амбиентот во кој најчесто ќе се гледа новиот финишер на најголемиот светски производител


Кога императив е беспрекорната изведба, добриот финиш претставува огледало на сработеното. Постигнувањето на таа цел подразбира примена на најнова технологија со истовремено оптимизирање на потрошувачката на гориво.

C10424937Земајќи ги предвид сите задачи кои ги поставува современото работење, конструкторите на Caterpillar го понудија финишерот AP655F кој не само што ги исполнува тие услови туку поставува и нови мерила во класата. Употребениот мотор со 175 КС (129 kW) има можност за автоматско подесување на режимот, и тоа во согласност со моменталните услови на екплоатација. Интегрираниот генератор, позајмен од електричниот булдожер Cat D7E, во само 15 минути го загрева распркувачот на подесената температура а при тоа моторот работи на само 1.300 вртежи во минута. Автоматското подесување на работата на моторот функционира со активирање на Eco-модот а ефектите можат да се видат во 20 процентно намалената потрошувачка.

Два командни пулта

Екипата која го опслужува финишерот на располагање има два командни пулта кои за разлика од претходниот модел сега се опремени со контролни панели кои функционираат на допир. Прецизното водење на машината е овозможено токму од едноставните команди преку кои можат да се подесат сите параметри на нанесуваниот слој.

downloadПоради спецификата на работните задачи, кои најчесто се изведуваат при суви временски услови, кровниот дел заедно со страничните “завеси“ може и да се отстранат. За време на студените денови на располагање стои голем вентилатор кој ослободената топлина ја усмерува кон кабината. Ако кон сите овие способности ја додадеме и можноста за странично померување на командниот пулт, што овозможува прецизен преглед на обработуваната површина, станува јасно дека конструкторите воделе грижа и за најситните детали.

Капацитети

Прецизното нанесување на слојот асфалт претставува основен предуслов за квалитетна изведба на работите. Токму на таа позиција финишерот ги покажува сите свои можности. Придвижуван од гумени гасеници тој лесно лизга низ површина, преку сондите и сензорите контролирајки ги дебелината на нанесениот слој, неговиот нагиб како и температурата на асфалтот.

C10425100За брзиот старт на работата, кажавме погоре дека е задолжен посебниот генератор на електрична енергија кој преку греачите лесно ја постигнува подесената температура додека по завршување на работата тој повторно се  активира вклучувајчи го системот за самочистење кој ја чисти машината од сите асфалтни остатоци.

Во зависност од специфичните потреби, производителот на располагање става широк спектар на распркувачи и нанесувачи, така да секој нарачател може посебно да ја специфицира својата машина. Во секој случај максималната широчина на финишерот може да изнесува 7.034 mm  а максималната должина 6.829 mm. Оперативната тежина на машината подговтвена за асфалтирање изнесува безмалку 16 тони со тоа што капацитетот на товарниот простор за асфалт е ограничен на 7.1 m3.

Во момент кога низ државата се градат неколку автопатски делници, потребата од квалитетен, докажан и пред се економичен финишер, се наметнува како императив, a токму еден таков примерок е Cat AP655F.

C10424938