Caterpillar CB13, CB15 и CB16

Нова серија на вибрирачки ваљаци

Серијата на нови вибрирачки тандем ваљаци CB13, CB15 и CB16, Caterpillar ја бележи според нова номенклатура која ја означува според оперативната тежината, а се карактеризира со голема прилагодливост спрема апликациите, прецизна контрола на операциите, воден систем за прскање, како и со посебен пакет за осветлување

Во новата линијата на тандем осцилаторски ваљаци CB13, CB15 и CB16, Caterpillar демонстрира цела низа подобрени технолошки решенија. Бројачот на премини и системот на температурно мапирање, комбинирајќи ги податоците од инфрацрвените температурни сензори со мапите од GPS системот, го информираат операторот за моменталната температура на материјалот, позицијата на машината, бројот на премини и покриеноста на обработениот терен.

Овој интуитивен систем овозможува снимање, анализа и рапортирање на извршените аплика ции со што се овозможува прецизен увид врз работата. Овие податоци, кога ќе се искомбинираат со новиот начин на осветлување, видно го продолжуваат работниот ден оптимизирајќи ја работата дури и при драматично влошени атмосферски услови.

Комуникацискиот систем “Machine to Machine” претставува уште една опција која додатно ја подобрува ефикасноста. Регистрирајќи ги сите параметри системот ја координира акцијата помеѓу машините со што се постигнува оптимизирање на работните апликации.

Операторот има одличен преглед

Типичните услови на кои се изложени ваљаците воопшто не се пријатни за операторите на овие машини. Едноставно таков е бизнисот со асфалтирањето. Но тоа што може да го направи еден производител на машини е да посвети максимално внимание на работното место на луѓето кои се ди ректно изложени на тие отежнати услови.

Во случајот со новите осцилирачки тандем ваљаци на Caterpillar, инженерите вложиле исклучителни конструкторски напори операторското место да се претвори во пријатна средина каде што ќе може да се даде максимум ефикаснот и продуктивност.

Во таа насока, прегледноста и комфорот се зголемени со седиште кое може да ротира за 3600 со што се постигнува операторот секогаш да биде свртен кон правецот на движење. Конзолата за управување сега е заменета со класичен управувач, а со тоа решение на операторот му е овозможен одличен преглед кон сите операции, а поготово кон ефикасното прскање со вода. На иста линија е и контролниот панел со 8 копчиња преку кој се следат ефикасноста и перформансите.

Разновиден систем за вибрирање

Новата серија ваљаци располага со разноврсни опции за вибрирање вклучувајќи осцилаторско вибрирање, двојна амплитуда, двојна фрекфенција, Versa Vibe систем како и систем со пет амплитуди. Со овие системи се овозможува спојување на позитивните особини на повеќе различни можности при што како варијабли се појавуваат греењето, дебелината на асфалтот, фрекфенцијата и ампитудата на набивање. Како посебна придобивка се смета комбинацијата од вертикални вибрации на предниот и осцилаторска вибрација на задниот барабан.

Кога сме кај овој систем добро е да се знае дека предниот барабан врши иницијално набивање со помош на две или пак на пет различни амплитуди додека задниот барабан со своето осцилирање овозможува одлични перформанси за оптимално набивање и густина.

Осцилаторскиот систем има зголемен сервисен интервал од 2 години или 2.000 работни часови, а тоа посебно ќе ги израдува корисниците поради намалените трошоци на експлоатација и минималното отсуство поради сервисни интервенции.

За погон на серијата CB13, CB15 и CB16 се користи проверениот дизелски агрегат Cat C4.4 кој испорачува 142 КС (106 kW). Освен што ги исполнува најстрогите еколошки норми, моторот има можност за одбирање на ECO-мод, потоа за автоматска контрола на брзината, намалена потрошувачка, а како посебен бенефит за операторот и околината, тој е извонредно тивок.

Погонскиот пренос се одвива преку уникатен ременски систем кој овозможува меко и исклучително доверливo оперирање. Со новите ваљаци производителот нуди и разни опции за избор на самите барабани како и посебни изведби наменети за различни текстури, густина и мазност на завршниот асфалтен слој.