CIFA K45H

Добар баланс меѓу цената и квалитетот

Пумпата за бетон CIFA K45H е типичен пример за вештината на Италијанците да ги избалансираат цената и квалитетот


Ломбардија е еден од индустриски најразвиените региони во Европа. Таму на површина десетпати помала од Македонија живеат десет милиона луѓе, односно една шестина од цела Италија. И сите работат, и тоа добро. Доказ е Милано, најголемиот град во областа, кој е дури 20 пати погусто населен од Скопје. А како сето тоа население некаде треба да живее и работи, јасно е дека и градежната индустрија е значително развиена. Затоа и не чуди што од оваа област доаѓаат едни од најквалитетните машини за градежништвото.

Nuovo Centro Direzionale INTESA SANPAOLO - TORINO

Упатените веднаш ќе го препознаат името на CIFA, компанијата која е специјализирана за опрема за бетонирање иако името и е кратенка од Compagnia Italiana Forme Acciaio, што во превод би значело италијанска компанија за челични форми. Со својата широка гама машини за бетон чија конкурентна предност е вградувањето најнови технички достигнувања од областа на техниката за бетонирање, ги држи водечките позиции на многу пазари во светот. За овој број на Градежништво и Транспорт избравме да ви ја претставиме пумпата за бетон K45H која е типичен пример за вештината на Италијанците да ги избалансираат цената и квалитетот. И нејзината позиционираност во гамата на CIFA која брои 20 вакви продукти е избалансирана – по сите параметри. Оние главните кои ја дефинираат се дека се монтира на 4-осна шасија (8×4 со вкупна тежина од 32 тона) и дека е единствената со стрела со максимален вертикален дофат од 45 метри (поточно 44,1 метар) составена од 5 секции. Единствена е и по тоа што последните две секции се направени од револуционерниот Carbotech материјал, со што значително се олеснува надградбата.

slide3Лесна е за ракување, едноставна за одржување, а за експлоатационите својства најдобро говори задоволството на градежниците кои работат со пумпи од оваа, но и од другите марки. Тие најдобро знаат дека секоја секција пумпите за бетон на CIFA е конструирана на начин кој обезбедува максималната структурна цврстина, со што се намалуваат на миниум областите подложни на (пре)големи напрегања. Различните конфигурации на стрелата обезбедуваат максимална прилагодливост и достап кон разни области на локацијата за градба, дури и оние најтешко достапните бидејќи аголот на ротација е 370°.

cifa-k45h-carbotechВо нејзините податоци ќе сретнеме уште и дека има хоризонтален страничен досег од 39,8 метри, дека има досег во длабочина од 30,5 метри и дека дијаметарот на трубата направена од двослоен материјал е 125 mm. Во инката за бетон собира 600 литри, капацитетот на пумпање изнесува 140 кубни метри на час при притисок од 80 бари, а бројот на циклуси 28 во минута. Патентираниот електронски систем за контрола и чување на податоците обезбедува автоматска контрола на стабилноста на машината, но и звучна и светлосна сигнализација кога ќе детектира критични ситуации со цел нивно навремено спречување. Пумпната група гарантира континуиран проток на различни типови бетонот, а нејзината екстремна ефикасност брзо негово поставување. Стрелата и главните функции на машината се контролираат со помош на радио команди, а сирената и вибраторот со кабел. За полесно одржување, електричниот систем може да се отстрани.

Како и останатата опрема на CIFA, и оваа пумпа за бетон е тестирана во симулирани услови на 10-годишна издржливост.

CIFA-K45H-Carbotech-Boom-Pump