ContiTech – АБ Новоселски

За мирен сон потребна е квалитетна перница

Ако прашате некој камионџија што попрво би сакал – скапа француска перница полнета со пердуви откако ќе се врати од долг пат, или пак квалитетни воздушни перници за возилото пред да тргне на него, одговорот е неминовен

Перниците од воздушното ослонување не спаѓаат меѓу клучните камионски компоненти, но ниту еден возач или сопственик не го потценува нивното значење како што тоа е вообичаено кај другите споредни системи за функционирањето на товарните возила. Кога воздушните перници се во прашање, транспортерите дури и пред сервисерите да им кажат секогаш проверуваат во каква состојба се тие. Во едно поранешно време во светот на камионите се чинеше дека челичното ослонување суверено ќе продолжи да владее заради првобитно покажаните проблеми што се појавуваа во текот на долг век експлоатација на возилата со воздушно ослонување, но благодарејќи на фирмите како што е Continental кои вложија голема стручност во развојот на ова мало парче техника, тие останаа да бидат примарен избор на производителите на возила за многу апликации.

Зошто е така сосема е јасно – воздушното ослонување има супериорни карактеристики во однос на челичното кај товарните и приклучните возила од сите категории и сите намени. Автобусите да не ги споменуваме. Постојат повеќе видови и конструктивни изведби на воздушното ослонување, но централна компонента кај сите до еден се токму воздушните перници. Од нив зависат целокупните перформанси и на ослонувањето, и на возилото во однос на возните својства и носивоста. Овој елемент во основа е многу едноставен и самиот збор воздушна перница верно го опишува. Се произведува од гума засилена со текстил од која зависат многу својства на перницата во однос на издржливоста и долготрајноста. Всушност, колку конструкцијата им е поедноставна, толку тие се подоверливи.

Токму во овој факт се крие вистината за воздушните перници и нивниот избор за товарните возила. Транспортерите долг низ години не можат да знаат што купиле бидејќи проблемите кај помалку квалитетните воздушни перници најчесто се јавуваат како последица од стареењето на гумата и оштетувањата предизвикани од влагата во воздухот внатре во нив, а поретко од механички оштетувања заради лошите патишта или заради слабости во нивната конструкција. А кога воздушната перница ќе откаже, тогаш започнуваат ноќните мори за возачот. А ако пак, не-дај-боже, во возење при голема брзина се случи да пукне на воздушната перница, последиците би можеле да бидат фатални. Тоа многу добро го знаат и возачите и сопствениците на возилата, кои не прават компромиси околу нив.

Но како да се препознаат помалку квалитетните воздушни перници? Тешко, да не кажеме никако – тоа може да се дознае само после некој период на користење, а не кога се нови. Затоа и сосема оправдана е вербата што се има во докажаните производители на овој едноставен, но за транспортните средства значаен дел. Меѓу нив, на врвот на листата секогаш и секаде е ContiTech. Децениите експертиза во истражувањето и развојот на системите за воздушно ослонување го поставија ова одделение на Continental AG на позиција како еден од водечките специјалисти на глобалниот пазар на овие компоненти. Инженерите на ContiTech ги познаваат и ги разбираат и секојдневните, и специфичните барања што се наметнуваат на корисниците и затоа нивните продукти често се примарен избор на производителите на камиони, автобуси и приклучни возила за прво вградување. Во тесна соработка со нив се развиваат поединечно прилагодени решенија со максимално ниво на квалитет, функционалност, сигурност и економичност во експлоатацијата. Во портфолиото на ContiTech се среќаваат воздушни перници наменети не само за ослонувањето, туку и за кабините, седиштата и сите други места каде тие имаат примена, и тоа не само кај патните транспортни средства туку и во индустријата, градежните машини, шинските возила, стационарните машини…

Што значи името ContiTech добро знаеја и во АБ Новоселски уште на самите почетоци на нивното делување – токму германскиот производител е првата компанија со која имаат потпишано договор за генерално застапништво уште во 1997 година. Колку наши возачи оттогаш се имаат решено за производите на ContiTech – не само за воздушните перници туку и каишите и сé друго што произведува, не треба да споменуваме. Успешната соработка меѓу ContiTech и АБ Новоселски е типичен пример за взаемна доверба која се јавува на релација производител-дистрибутер-клиент, од која произлезе и дополнувањето на асортиманот со продуктите од брендот Phoenix од истата групација специјализиран за компонентите од воздушното ослонување. На возачите и сопствениците им преостанува само да кажат за какво возило што им е потребно – сето останато е грижа на тимот стручњаци од АБ Новоселски кои ќе ги услужат од нивниот лагер кој во секој момент брои повеќе од 10.000 артикли.

ContiTech AG од Хановер е еден од најголемите светски производители на производи од гума и пластика. Има околу 43.000 вработени и остварува годишен приход од 5,5 милијарди евра, што е околу 13,5% од целокупните приходи на Continental.