Dom Tapkey

Смартфон наместо клуч

Производителот на сигурносна технологија Dom нуди доста практичен систем за дигитален пристап

Овој систем е наречен Tapkey и е составен од дигитален цилиндар и апликација за смартфон преку која со бравата се управува далечински, што може да се стори и со транспондер. Наменет е првенствено за објекти од средна големина (продавници, канцеларии, лаборатории) и големи претпријатија (аеродроми, јавни институции, школи), но може да се користи секаде. Со овој професионален сигурносен систем се управува едноставно, а неговата инсталација бара само три чекори. Прво е потребно да се монтира дигиталниот цилиндар на вратата, потоа се презема и инсталира бесплатната апликација и после регистрацијата пристапот до бравата е овозможен.

Tapkey апликацијата функционира како виртуелен клуч, а во комбинација со дигиталните цилиндри за само пар минути може да се создаде дигитален систем за контрола кој нуди нови можности кога е во прашање доделувањето пристап на други корисници. Исто така и безбедноста е зголемена бидејќи со Tapkey може да се овозможи привремено или трајно право на пристап до објектот. Одредено лице тогаш може да ја отвори вратата со дигитален уред (смартфон или таблет), а за влез можат да се користат и однапред програмирани транспондери во облик на приврзок или налепница залепена на задната страна на телефонот.

Системот не бара посебна инсталација на компјутер или посебен софтвер освен апликацијата која работи на iOS и Android, ниту пак обука за негово користење. Бројот транспондери и уреди кои можат да се користат не е ограничен, а во основниот пакет се вклучени три дигитални лиценци. Не е потребна врска со интернет за функционирање на системот кој ги регистрира сите отворања и затварања во период од 12 месеци, без разлика колку се. Тоа го овозможува користењето на најнапредни сервери сместени во Европската Унија, а секоја комуникација меѓу апликацијата и цилиндрите е шифрирана во сите фази на пренос. Доколку мобилниот телефон е украден, изгубен или оштетен, едноставно и веднаш може да се деактивира. Дигиталниот цилиндар е антикорозивен и отпорен на вода и пожар, а батеријата трае до 25.000 циклуси.